ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
СветХегсет: Иран или ќе го предаде ураниумот или САД со сила ќе го одзематХегсет потврди дека Ормуската Теснина е повторно отворена за сообраќај.Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, денеска упати ултимативно предупредување до Техеран дека САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум доколку тој не биде доброволно предаден, нагласувајќи дека по 38 дена воени операции, иранската судбина сега е во рацете на Вашингтон. На заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн, Хегсет потврди дека Ормуската Теснина е повторно отворена за сообраќај, откако претседателот Доналд Трамп ја повлече заканата за масовни напади по одлуката на Иран да ја прекине блокадата. Хегсет истакна дека иако е прогласено примирје, американската војска останува на Блискиот Исток за да гарантира дека Техеран ќе ги почитува преземените обврски. Тој посочи дека Ормуска Теснина е отворена и дека американските сили ќе останат на Блискиот Исток за да обезбедат почитување на примирјето, кое, според него, претставува само „пауза“ во конфликтот. Кејн нагласи дека американските сили ги постигнале воените цели во Иран, вклучително уништување на балистички ракети, дронови, делови од морнарицата и воено-индустрискиот комплекс. - Погодивме повеќе од 13.000 мети во Иран, вклучувајќи и 4.000 подвижни цели. Уништени се 80 отсто од иранските одбранбени системи, над 450 складишта за балистички ракети и 800 складишта за дронови. Примирјето е само пауза, а нашите сили се подготвени да ги продолжат борбените операции со истата прецизност во секој момент доколку пропадне договорот - изјави Кејн. Хегсет оцени дека САД постигнале „одлучувачка воена победа“ и дека иранската ракетна програма е уништена, тврдејќи дека притисокот го принудил Техеран да се врати на преговарачката маса. Тој посочи дека американските напади опфатиле и стратешки енергетски цели, вклучително и островот Харк, клучен за извозот на иранска нафта. Според него, способноста на Иран да произведува и извезува енергија била под контрола на САД и на претседателот Доналд Трамп, кој, како што рече, можел брзо да ја уништи иранската економија, но се одлучил за поумерен пристап. Хегсет додаде дека САД можат целосно да го блокираат иранскиот енергетски сектор и да ги гаѓаат тие цели без ограничувања, оценувајќи дека Иран претрпел сериозен политички и психолошки удар. Според Хегсет, Иран претрпел „историски и понижувачки пораз“ и повеќе нема капацитет да гради ракети или беспилотни летала. Тој упати порака и до, како што рече, „таканаречените сојузници“, нагласувајќи дека тие можеле да видат „како изгледа вистинската воена моќ на САД“. Од друга страна, иранскиот Врховен совет за национална безбедност соопшти дека земјата извојувала „историска победа“ во, како што наведе, „неправедната и криминална војна“. Тие тврдат дека американската „агресија“ доживеала неуспех, иако потврдија дека влегуваат во преговори со длабока недоверба кон Вашингтон.Тагови: Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09