Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони
2Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони
СветХегсет ги повика земјите од АСЕАН силно да и се спротивстават на Кина во Јужно Кинеско МореЈужното Кинеско Море и натаму е едно од најнестабилните жариште во Азија.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ги повика земјите од Југоисточна Азија да ги зајакнат своите поморски сили и силно да се спротивстават на Кина за да се спротивстават на нејзините сè повеќе „дестабилизирачки“ дејствија во Јужното Кинеско Море. На состанокот на министрите за одбрана на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), тој ја повтори загриженоста на САД за „кинеската агресија“ во спорните води што се интензивираше во последните месеци, наведувајќи како примери инциденти со судири на бродови и употреба на водни топови. Јужното Кинеско Море и натаму е едно од најнестабилните жариште во Азија. Пекинг полага право на речиси целиот регион, додека членките на АСЕАН: Филипини, Виетнам, Малезија и Брунеи, полагаат права на крајбрежните области. Филипините, клучен сојузник на САД, честопати се судруваат со поморската флота на Кина. Манила постојано повикува на посилен регионален одговор, но земјите од АСЕАН се воздржуваа поради економските врски со Пекинг, најголемиот трговски партнер во регионот. Американскиот секретар Хегсет неодамна го критикуваше Пекинг за прогласувањето на ненаселениот остров Скарборо Шоул, што Кина насилно го одзеде од Филипините во 2012 година, за „природен резерват“. „Не се поставуваат платформи на природни резервати“, рече Хегсет, опишувајќи ги активностите на Кина. Тој додаде дека тоа е уште еден обид да се „наметнат нови и проширени територијални и поморски барања“ на сметка на земјите од АСЕАН. Хегсет рече дека провокативните дејствија на Кина го доведуваат во прашање и го загрозуваат територијалниот суверенитет во регионот. Тој изјави дека Вашингтон го цени континуираниот дијалог со Пекинг и дека САД внимателно ќе го следат однесувањето на Кина. „Сеопфатните територијални и поморски претензии на Кина во Јужното Кинеско Море се неконзистентни со нејзината посветеност за мирно решавање на споровите. Ние сакаме мир. Не сакаме конфликт. Но, мора да се осигураме дека Кина не сака да доминира врз вас или врз некој друг“, рече Хегсет. Американскиот министер го повика АСЕАН да го забрза склучувањето на Кодексот за однесување на море, за кој асоцијацијата преговара со Кина. Тој додаде дека здружението треба да ги зајакне и своите капацитети, вклучувајќи заеднички надзор и алатки за брз одговор за спречување на провокации. Хегсет предложи воспоставување систем за поморско предупредување, кој ќе ги предупреди сите членки на АСЕАН доколку една земја е загрозена. „Ова многу помага во обезбедувањето дека секој што е цел на агресија и провокација... не е сам“, рече Хегсет. Тој ги поздрави плановите за поморска вежба АСЕАН-САД во декември, за која рече дека ќе ја зголеми интероперабилноста и ќе ја зајакне слободата на навигација и суверените права на сите нации. Кина ги отфрла критиките кон САД за нивните постапки на море, обвинувајќи го Вашингтон за мешање во регионалните работи и создавање тензии во регионот со своето воено присуство. Кинеските власти велат дека кинеските патроли и градежните активности се легални и имаат за цел одржување на безбедноста на кинеска територија. Кина денеска остро ги критикуваше Филипините за „правење проблеми“ откако Манила организираше поморски и воздушни вежби со САД, Австралија и Нов Зеланд во Јужното Кинеско Море. Портпаролот на Јужната команда на Кинеската народноослободителна армија, Тиен Џунли, рече дека вежбата сериозно го загрозила регионалниот мир и стабилност. „Тоа дополнително покажува дека Филипините предизвикуваат проблеми во Јужното Кинеско Море и дека се саботер на регионалната стабилност“, рече Џунли. Дводневната вежба, која заврши вчера, беше дванаесетта по ред. Филипините од минатата година спроведуваат воени вежби со партнерските земји, со ставот дека со тоа ги штитат своите права во спорните води.Тагови: АСЕАН Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗначајни средби на директорот на македонската финансиска полицијаЗначајни средби на директорот на македонската финансиска полиција, на свечената церемонија за затварање на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД.На завршниот дел на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во Орландо, Флорида, директорот Ивановски оствари средби со директорот на ICITAP- Грегори Дукот, помошник-директорот на ICITAP- Стив Филдс, како и со високата претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт демартментот на САД, Лесли Зиман. Овој настан претставува исклучителна можност за размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка во полето на откривање и справување со финансискиот криминал и борба против корупцијата. Конструктивните дискусии и сесии со претставници на меѓународните безбедносни структури, споделување искуства со релевантни институции и средби со еминентни професионалци во оваа област, претставуваат важна потврда на партнерството, институционалната посветеност и заедничко делување во насока на остварување на стратешките цели на Управата. Во рамки на свеченатa церемонија, на т.н. Годишен банкет на IACP 2026, беше избран и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД, началник Вил Џонсон, како и новите членови на Извршниот одбор. Конференцијата заврши со пригодна прослава, посветена на заслужни признанија и лидерство. Поддршката од страна на САД и ICITAP, во процесот на дигитализација на оперативните истраги и координирани заеднички акции се од особен интерес и значење за Управата за финансиска полиција. Директорот на институцијата, останува посветен на примена на стекнатите знаења и искуства, за унапредување на ефикасноста и квалитетот во работењето. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПромовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони „Доколку апликацијата добро си ја врши својата работа ќе имате помалку причини за посета на институција.“Вака преку робот на екранот наречен „Диги“ што наликува на поранешниот дигитален асистент Ада, владините претставници ја промовираа апликацијата „Муслуги“ која има за цел државните услуги и личните документи, за почеток личната карта и возачката дозвала „да се преселат во мобилниот телефон“ и да служат како електронски паричник за граѓаните да можат да ги користат и да пристапуваат до електронски услуги од јавната администрација. Целта е услугите да бидат подостапни, а потребата од одење на шалтер да се намали. Успехот на апликацијата нема да се мери според бројот на преземања, туку според завршените услуги и заштеденото време, порача на промоцијата Премиерот Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Михалис Рокас ги поздрави направените чекори кон дигитализацијата и исполнувањето на дел од обврските од европската агенда. Апликацијата „М услуги“не можае преку ноќ да започне со целосна примена, сето тоа ќе се работи во фази и неоходна е адаптација, а и менување на правилниците на администрацијата, порача Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски. „МУслуги“ треба постепено да го олесни пристапот до државните услуги, но колку навистина ќе им го скрати патот и времето на граѓаните до институциите, ќе покаже практичната примена. Дотогаш, дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе бидат само првиот чекор кон администрација во која работите ќе можат да се завршат со неколку клика на телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00