Хегсет ги обвини поранешните незадоволни вработени во Пентагон за скандалот - Канал 5

Хегсет ги обвини поранешните незадоволни вработени во Пентагон за скандалот

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ги обвини „незадоволните поранешни вработени“ во Пентагон и медиумите за објавување информации за нападот на САД врз јеменските бунтовници Хути.

Хегсет ги обвини поранешните незадоволни вработени во Пентагон за скандалот

Хегсет им рече на новинарите дека ја има поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

„Навистина сум горд на она што го правиме за претседателот, жестоко се бориме на сите страни“, рече Хегсет.

„Њујорк тајмс“ објави дека Хегсет споделил детали за американскиот напад врз Хутите во Јемен во март во група за пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, брат и адвокат.

Како што беше наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за нападот кои беа објавени минатиот месец во списанието Атлантик.

Според неименувани извори на кои се повикува Њујорк Тајмс, групата разговарала за деталите за точното време на воздушните напади врз Хутите во Јемен.

Хегсет во повеќе наврати изјави дека не биле споделени доверливи информации во рамките на компанијата, иако тој го дал точното време кога биле лансирани американските воздушни напади и некои детали за операцијата кои се сметаат за строго доверливи во пресрет на ненадејна воена операција како онаа во Јемен.

Еден од поранешните главни советници на Хегсет, Ден Колдвел, во неделата издаде заедничка изјава со уште двајца отпуштени функционери на Пентагон, Дарин Селник и Колин Керол, во која тие рекоа дека се сомневаат во резултатите од внатрешната истрага за протекувањето на информации на Пентагон за американските напади во Јемен што доведоа до нивно суспендирање.

„Многу сме разочарани од начинот на кој заврши нашата служба во Министерството за одбрана“, објави Калдвел на платформата X, тврдејќи дека тој, Селник и Керол биле наклеветени од неименувани претставници на Пентагон.

Колдвел истакна дека се уште не им било кажано за што точно се обвинети.

Тројцата тврдат дека не откриле чувствителни или доверливи информации и дека секојдневно работеле на заштита на таквите информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Го информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија.

Овој пат тоа го прави со економските показатели.

Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.

Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Што велат овие меѓународни институции?

Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер