ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ има 67 мандати, пренесува Index.hr..

„Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Како што пренесува хрватскиот портал, во изборниот штаб на ХДЗ во тек е прослава и толпата извикува „победа“.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

Арсен Баук од СДП ги коментираше излезните анкети, според кои ХДЗ освоила дури 67 мандати, пренесува Јутарњи лист.

„Ова значително ќе се промени, без еуфорија, да забавиме малку“, рече Баук и додаде дека е невозможно Можемо! да доживее таков пад.

„Колку и да има три мандати, ќе оди кон 10. Силно се сомневам дека ХДЗ ќе добие толку мандати“, нагласи Баук.

Мирела Ахметовиќ (СДП) рече дека излезните анкети покажуваат дека СДП останува најсилната партија на левицата, па дури и остануваат овие резултати, кои според неа се подобри од претходниот изборен циклус.

Таа потсети дека досега „анкетите беа точни за многу низок одѕив“.

„Не сум сигурна колку се точни за толку голем одѕив“, нагласи таа за ХРТ.

Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал

 Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари, соопшти денеска компанијата.

Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти.

-И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници.

Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

- Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението.

Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

притисни ентер