3Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
СветХашкиот суд издаде налог за апсење на двајца највиски руски команданти Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на највисоките руски команданти Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов за наводни воени злосторства во Украина, се вели во соопштението за печатот.Судот со седиште во Хаг соопшти дека „постојат разумни основи да се верува дека двајцата осомничени сносат одговорност за ракетните напади врз електричната инфраструктура на Украина извршени од силите под нивна команда од најмалку 10 октомври 2022 година до најмалку 9 март 2023 година." Судот додаде дека придружните цивилни повреди и штета од нападот се очигледно прекумерни во однос на каква било очекувана воена корист. Украинските обвинители веќе истражувале можни воени злосторства по зимската кампања со воздушни напади против енергетската и комуналната инфраструктура на Украина. Русија негира дека намерно ја гаѓала цивилната инфраструктура во Украина, велејќи дека целта на сите нејзини напади е да ја намали борбената способност на Киев. Помошник на украинскиот претседател рече дека налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за највисоките руски команданти се „многу симболични“, „...очигледно е дека овојпат Русија апсолутно нема да може да ја избегне одговорноста за планираните големи воени злосторства“, изјави советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. Поради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот. Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување. Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook