МакедонијаХашката пресуда ги вжешти реакциите – партиите во Македонија со различни ставови По случајот Младиќ, и вчершаната пресудата во Хаг ја бранува политичката сцена во Македонија. По реакциите на политичарите и партиите од албанскиот блок кои казните за четворицата лидери на ОВК речиси едногласно ги оценија за неправедни, се огласи и опозициската СДСМ со порака дека одлуката на судот треба сите да ја почитуваат и да не се поттикнуваат тензии. Од партијата на Филипче упатија критики до претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека ниту една пресуда не може да негира дека четворицата обвинети му припаѓаат на славно поглавје во историјата на Косово. Од СДСМ неговата реакција ја оценија како несоодветна и спротивна на европските вредности, зашто се работело за човек што извршува државна функција. -Во оваа насока реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни, тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини. Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме. – Велат од СДСМ. Од Гаши засега нема одговор на критиките на опозицијата во однос на ставот на пресудата во Хаг, која вчера за неправедна ја оценија и лидерот на Дуи, Ахмети и владеачката Вреди, и покрај пораките на Стејт Департментон и на Европската Унија дека судската одлука треба да се почитува. Дел од аналитичарите очекуваат политичкиот набој да спласне, токму по пораките од меѓународната заедница, иако сметаат дека реториката, во која гледаат популизам, повторно ќе се разгори пред претстојните избори во Србија за еден месец. -Тоа е истата линија на национал популизам, од двете страни на оградата, која се обидува од едни контроверзни историски личности да создаде некаков повик за етничка или национална мобилизација, тоа е дел од истата приказна, меѓутоа на крајот, сето тоа е релативно привремено. Во 21 век луѓето се позаинтересирани за квалитетот на живот и квалитетот на услугите за едни релативно попрактични теми, а се помалку за романтична историја. Не е голема тајна дека сите албански политички партии го сметаат Хашим Тачи за, условно речено, херој, и покрај тоа што меѓународната заедница, при судот во Хаг го осудија како воен злосторник, тоа е дел на нивната политичка идеологија, па и делумен популизам. Петар Арсовски – Аналитичар. Специјализираниот суд во Хаг вчера ги осуди на вкупно 81 година затвор, поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели И Реџеп Селими, по што избија и инциденти во Хаг и во Приштина, а избија и нереди пред седиштето на ЕУЛЕКС, каде се кршеа прозорци со камења, а предизвикан беше пожар од фрлени запаливи средства Две лица беа приведени, а еден од нив доби 48-часовен притвор. Косовската полиција распореди дополнителни сили пред меѓународните и државните институции, а специјалните единици и денеска остануваат на клучните сообраќајници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter