Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година - Канал 5

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. 

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година

- Обединети пред сериозните безбедносни закани и предизвици, особено долгорочната закана што ја претставува Русија за евроатлантската безбедност и постојаната закана од тероризмот, сојузниците се обврзуваат да инвестираат пет отсто од БДП годишно за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста до 2035 година, за да ги обезбедат нашите индивидуални и колективни обврски, во согласност со член 3 од Вашингтонскиот договор, се наведува во Декларацијата усвоена на денешниот Самит на НАТО во Хаг.

Во документот се посочува дека овие инвестиции ќе обезбедат сили, капацитети, ресурси, инфраструктура, подготвеност за војување и отпорност потребни за одвраќање и одбрана во согласност со три основни задачи на НАТО: одвраќање и одбрана, спречување и справување со кризи и соработка во безбедноста.

Согласно договореното, од средства во висина од пет отсто од БДП, најмалку 3,5 проценти годишно ќе бидат наменети за расходи за одбрана на НАТО, за потребите за основни одбранбени ресурси и за исполнување на Целите за способностите на Алијансата.

- Сојузниците се согласуваат да поднесуваат годишни планови што покажуваат кредибилен, постепен пат за постигнување на оваа цел, се вели во документот,

Останатите 1,5 отсто од БДП годишно, меѓу другото, ќе бидат наменети за заштита на критична инфраструктура, обезбедување на граѓанска подготвеност и отпорност, иновациите и за зајакнување на одбранбената индустриска база.

- Траекторијата и рамнотежата на трошењето според овој план ќе бидат разгледани во 2029 година, во светлината на стратешкото опкружување и ажурираните Цели за способностите, се додава во текстот.

Лидерите на НАТО ја потврдуваат и заедничка посветеност за брзо проширување на трансатлантската индустриска соработка во одбраната и искористување на новите технологија и во духот на иновациите за унапредување на колективна безбедност.

- Ќе работиме на елиминирање на трговските бариери во одбраната меѓу сојузниците и ќе ги искористиме нашите партнерства за промовирање на индустриската соработка во одбраната, се вели во Декларацијата.

Во неа натаму сојузниците ги потврдуваат своите трајни суверени обврски за поддршка на Украина, чија безбедност придонесува за безбедноста на НАТО и за таа цел се реафирмира посветеноста на директен придонес кон одбраната на Украина и нејзината одбранбена индустрија при пресметувањето на трошоците за одбрана на сојузниците.

- Ние, шефовите на држави и влади на Северноатлантскиот сојуз, се собравме во Хаг за да ја потврдиме нашата посветеност кон НАТО, најсилниот сојуз во историјата, и кон трансатлантската врска. Ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност кон колективната одбрана како што е загарантирано во член 5 од Вашингтонскиот договор - дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите. Остануваме обединети и непоколебливи во нашата решеност да ги заштитиме нашите една милијарда граѓани, да ја браниме Алијансата и да ја заштитиме нашата слобода и демократија, се наведува во Хашката декларација.

Следниот Самит на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција, по што ќе следи средба на врвот во Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината

Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. 

Камерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината

Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот.

Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка.

Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти.

Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет.

Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите.

Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза

За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години.

Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година.

Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект.

„Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа.

„Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа.

„Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

И натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот

Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...

Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот

Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот..

Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно..

Како изгледа главниот град доцна попладнево?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер