Хасан: Малезија и САД работат на постигнување примирје помеѓу Тајланд и Камбоџа - Канал 5

Хасан: Малезија и САД работат на постигнување примирје помеѓу Тајланд и Камбоџа

Шефот на малезиската дипломатија Мохамад Хасан денеска соопшти дека Куала Лумпур и Вашингтон работат на проширен договор за прекин на огнот помеѓу Тајланд и Камбоџа.

Хасан: Малезија и САД работат на постигнување примирје помеѓу Тајланд и Камбоџа

Според него, преговорите имаат за цел проширување на примирјето, за да се опфати отстранувањето на мини и повлекување на тешкото оружје.

Во петдневниот судир помеѓу Тајланд и Камбоџа, што се случи кон крајот на јули, загинаа десетина луѓе, а над 260.000 се раселени. По посредувањето на малезискиот премиер Анвар Ибрахим и притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп, двете земји се согласија на прекин на огнот.

Хасан наведе дека се надева оти примирјето ќе биде потпишана за време на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) што од 26 до 28 октомври ќе се одржи во Куала Лумпур.

Предвидено е на Самитот да учествуваат дваесетина светски лидери. Хасан посочи дека и Трамп на 26 октомври ќе присуствува на потпишувањето на договорот помеѓу Тајланд и Камбоџа.

АСЕАН, е организација за политичка, економска и културна соработка помеѓу земји од Југоисточна Азија, формирана на 8 август 1967 година, на иницијатива на Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур и Тајланд. Подоцна им се приклучуваат Брунеи, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Виетнам. АСЕАН одржува самит секоја година, а комуникацијата се одвива на англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. 

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот.

Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу:

- Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу.

Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Билатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. 

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот.

Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија

Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. 

„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија

Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg.

„Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“

Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија.

Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов.

Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер