Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
1Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
ФормулаХас го отстрани рускиот спонзор од болидот, откажано Гран прито на Русија За време на тестовите во Барселона, тимот на Формула 1 Хас ја отстрани рекламата на руската компанија Уралкали од својот болид поради воената интервенција на Русија во Украина.Тимот Хаас е во сопственост на американскиот бизнисмен Џин Хас. Во овој формула 1 тим вози единствениот руски возач во најбрзиот шампионатот Никита Мазепин, како и Мик Шумахер од Германија. Рускиот возач Мазепин е без коментар за ситуацијата во Украина. Тој и директорот на тимот Гинтер Штајнер ги откажаа медиумските ангажмани. Раководството на Формула 1 денеска ја откажа трката во Русија, која требаше да се вози на 25 септември во Сочи. Многу возачи беа против одржување на трката во Русија поради воената интервенција во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на СкопјеЕден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста. Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем. Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје. Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед. Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во МакедонијаВо текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман. Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес. Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците. Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножувањ Министерство за здравствоТагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЗ: Обезбеден итен авионски транспорт и континуирана медицинска грижа за млад пациентМинистерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција.По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт. По пристигнувањето во Скопје, пациентот ќе биде преземен од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација. Грижата за здравјето и безбедноста на секој пациент останува наш највисок приоритет. Надлежните институции продолжуваат посветено и координирано да обезбедуваат навремена и соодветна здравствена помош секогаш кога тоа е потребно МЗКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook