Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион - Канал 5

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион

НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион, соопшти портпаролката на Алијансата, Алисон Харт.

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека почнал „прв бран на опсежни ракетни и напади со беспилотни летала“ врз Израел, јави агенцијата Тасним. Во соопштението е наведено дека нападите следеле „како одговор на непријателската и криминална агресија на непријателот врз Исламската Република Иран“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денеска изјави дека Израел покренал превентивен напад против Иран за да ги отстрани заканите по безбедноста на земјата и дека во целата земја е прогласена вонредна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009.

Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија

Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи.

Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство.

Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје

Нека почива во мир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. 

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција.

Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата.

„Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата

проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски.

Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството.

Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер