СветХарис: Оддаваме почит на македонските Американци за обликувањето на разновидниот дух на САДПред неколку недели, Обединета Македонска Дијаспора испрати прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и до актуелната потпретседателка Камала Харис со релевантни приоритети и барања од македонско-американската заедница.Сакаме да оддадеме почит за огромните влијание и богата култура што македонско-американската заедница ѝ ги донесе на нашата нација. Минатиот месец беше особено значаен, бидејќи се одбележа независноста на тогашната Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година - извонредно достигнување што ја отелотворува издржливоста и трајниот стремеж како единствена земја која ги достигна својата независност и слобода по мирен пат, наведува американската потпретседателка и кандидат за шеф на државата Камал Харис во писмото упатено до Обединета Македонска Дијаспора (ОМД). Ова, како што наведуваат од ОМД, е можност директно да се слушне од претседателските кандидати за прашања што се важни за македонските Американци. - Прашањата се однесуваа околу прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство, засилување на стратешкиот дијалог и партнерство меѓу САД и Македонија, за потенцијален договор за двојно оданочување меѓу САД и Македонија, како и за вклучување на Македонија во програмата за укинување на визи за САД. Се проценува дека во САД живеат над половина милион Американци со македонско потекло. ОМД, непартиска, неполитичка и невладина организација, не поддржува и не може да поддржува политички кандидати за јавни функции. Како водечки глас за Македонците во САД, ОМД ги едуцира креаторите на политики за прашања од интерес за Македонците, а споделувањето на одговорите што ги добиваме се од информативна природа и не претставуват поддршка или охрабрување на еден или друг кандидат, соопшти Обединета Македонска Дијаспора. ОМД доби писмо од потпретседателката Камала Харис. Во продолжение е интегрално писмото од Харис. „До македонско-американската заедница: Со изминување на септември, месец посветен на македонско-американското наследство, сакаме да го искористиме овој момент за да оддадеме почит за огромните влијание и богата култура што македонско-американската заедница ѝ ги донесе на нашата нација. Минатиот месец беше особено значаен, бидејќи се одбележа независноста на тогашната Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година - извонредно достигнување што ја отелотворува издржливоста и трајниот стремеж како единствена земја која ги достигна својата независност и слобода по мирен пат. Повеќе од еден век, македонските имигранти бараат заштита и можности во САД, водени од клучните историски настани како што се Илинденското востание, Балканските војни и глобалните конфликти во 20 век. Од 1880-тите, десетици илјади Македонци најдоа нов дом овде, придонесувајќи за богатата разноликост на нашата нација. Денес, околу 500.000 поединци со македонско потекло прогресираат и придонесуваат во заедниците низ нашата држава. Силното присуство на Македонци во држави како Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Флорида, Пенсилванија и Калифорнија, говори доволно за трајниот придонес. Македонските Американци се истакнаа во различни области – независно дали се работи за бизнис, технологија, уметност или медицина. Претприемачите ја зајакнаа нашата економија, спортистите донесоа дома олимписки медали, а уметниците го збогатија нашиот културен пејзаж, истакнувајќи ги неверојатните таленти што произлегуваат од оваа заедница. Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија. Ги славиме не само извонредните достигнувања на Македонците, туку и богатото наследство што вие продолжувате да го градите. Ајде да се здружиме за да го признаеме длабокото влијание на македонските Американци во обликувањето на разновидниот дух на САД. Вашите придонеси ја подобруваат силата и карактерот на нашата нација и со нетрпение очекуваме да го продолжиме овој пат заедно. Срдечен поздрав, Потпретседателка Камала Харис“ Од ОМД велат дека се уште чекаат одговор од поранешниот претседател Доналд Трамп и штом го добијат ќе го споделат со јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДССДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради.Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје. СДС повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДС е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем. Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДС. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми. Особено лицемерно е СДС да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања. Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија. Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор. Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години. Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот. Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“. На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДС кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветСо „зелено светло“ од Путин, Европа добива преговарачко столче за Украина Путин даде зелено светло, по речиси пет години епизодна улога, Европа добива преговарачко столче покрај Украина, Русија и САД во разговорите за постигнување мировно решение. Веста доцна синоќа ја соопштија специјалните претставници на Трамп, по средбите со рускиот и украинскиот претседател во Москва и во Даблин. -Не можеме да склучиме договор без Европејците да бидат на маса. Му кажавме на претседателот Путин дека тоа е многу важно. , изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на Трамп. -Не на некаков начин, не одделно, (Европејците) ќе имаат глас. Ова е многу важно за нас, бидејќи војната е во Европа. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. Но, денеска пристигна студен туш од Кремљ. Портпаролот на Путин, Песков за руските медиуми изјави дека е прерано за Европејците да се приклучат на преговорите. -Откако ќе ги разбереме нивните вистински намери и подготвеност да придонесат во мировниот процес, тогаш можеме да донесеме одлука за водење дијалог во проширен формат. , изјави Песков. А, во Даблин, каде што денеска се одржува неформален Европски Совет, почна потрагата по европски претставник кој во име на 27 земји членки ќе седне на преговарачка маса веќе на следната мировна средба. Европските лидери се поделени. Дел настојуваат на претставник од таканаречената „големата тројка“, Германија, Франција или Британија, други пак, даваат предност на некој од двоецот Кошта – Калас. Високата претставничка, Естонката Калас не ги крие амбициите, и покрај резервите на Москва поради нејзиниот остар став кон руската агресија. -Знам дека Русите не ме сакаат, но, знаете, дали ние се прашуваме кој ја претставува Русија? Не, не се прашуваме. Навистина ни е потребен силен тим, а јас сум подготвена да работам на ова заедно со министрите за надворешни работи. Тие не сакаат некој силен на спротивната страна, бидејќи сакаат да ги наметнат своите максимални барања – како што правеле отсекогаш. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ -Јас сакам наративот да биде како да постигнеме мир, а не кој. Ако можам така да кажам, одбивам да прифатам дека Хенри Кисинџер е во право. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент. Во Абу Даби пред два дена Украина и Русија со посредство на Вашигнтон договорија досега најголема размена на заробеници, неофицијиално, по околу 1.500 од обете страни. На вчерашната средба со американските посредници, Путин се закани дека по евентуален мировен договор, распоредувањето на европски војници во Украина ќе ги смета за легитимна воена цел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининзи за рак на простата во „Железничар“ „Едно боцкање спасува живот, редовни контроли за навреме да се открие дали има заболување“, изјави Клековски.Во здравствениот дом „Железничар“ од овој четврток до крај на месецот ќе има бесплатни тестирња за рак на простата. Бесплатниот скриниг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампњата „Мовембер“, месец кога мажите треба да направат контрола и да разговраат доколку имаат проблеми. Најчесто голем дел од мажите не сакаат да говорат за своите проблеми и затоа треба да има зголемена свестност. „Треба да се работи на свесноста, редовните прегледи е здравје за себе, но и мира за целото семејство“, изјави Влатко Ужевски. Од здравствениот дом објаснуваат дека секоја година се зголемува бројот на заинтересирани се зголемува но и кај голем дел од пациентите навреме се реагира доколку има отстапки во испитувањата. Министерот Клековски посочи дека ќе се работи на подоборување на системите за закажување на прегледи и исто така вакви акции ќе има и во другите градови во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook