3Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”
Шоу бизХари Стајлс среде концерт е погоден во око, фан го гаѓал со бонбона (ВИДЕО)Пејачот Хари Стајлс бил погоден во око за време на настапот во понеделникот, 14 ноември, во Инглвуд, Калифорнија.Стајлс, кога се забавуваше со публиката по една песна, некој го удри во око, наводно со бонбона Скитлс. На видео споделено на социјалните мрежи може да се види како некој фрла грст бонбони Skittles на сцената и како една од нив го удира во левото око. Стајлс веднаш се фати за окото и се наведна, а потоа се сврте кон камерата и се гледаше како левото око му е цврсто затворено. whoever the fuck threw a solid object at his eye, u literally ruined kiwi bc he wouldn’t open his eye for the whole song pic.twitter.com/CRBWzsYqcc — mandi🏠HARRY TALKED TO ME?? (@ibringthep0p) November 15, 2022 Обожувателот кој ја објавил снимката на Твитер напишал дека инцидентот „ја уништил изведбата на Киви на Стајлс“, додека другите обожаватели побрзаа да го осудат човекот кој ги фрлил бонбоните кон него. „Престанете да фрлате работи на сцената. Едноставно не е безбедно за никого на сцената, можете да го удрите Хари како во ова видео, можете да удрите некој од членовите на бендот, можете да удрите член на публиката, Хари може да се сопне на нешто, тоа е едноставно не е безбедно. Не фрлајте ги работите“, напишал еден корисник на Твитер. don’t throw shit onstage that’s going to hurt him what the actual fuck is the point of throwing skittles bro harry styles is not going to eat your random fucking dirty skittles stop it pic.twitter.com/W2F7sMO7GZ — lj loves fitf (@charmingtommo) November 15, 2022 Друг напишал: „Ова навистина може да го повреди, да му наштети на видот или што и да е. Ве молам, не фрлајте повеќе.“ Додека третиот рече: „Дали сте толку глупави? Во кој свет е тоа во ред?“ се запрашал твитерџијата. Инцидентот се случил само неколку дена откако Стајлс бил принуден да одложи три настапи во ноември, преместувајќи ги во јануари поради болест, а интересно е да се забележи дека Стајлс неодамна на концерт бил погоден со шише во меѓуножјето. Некој од публиката во Чикаго, на концертот во октомври, фрлил шише кон пејачот и го удрил во меѓуножјето. Хари веднаш се наведнал од болка и се фатил за меѓуножјето, задишан во микрофонот: „Па, ова е незгодно“. “Well that’s unfortunate.” #LoveOnTourChicago #Residency5 (Via TheHarryNews) pic.twitter.com/uldhmVUxWK — Harry Styles Updates. (@TheHarryNews) October 15, 2022 На Хари му требале неколку моменти да се опорави и тој почнал да се тресе и да скока наоколу обидувајќи се да се смири. Откако болките стивнале, тој почнал да се шегува и да зборува со висок писклив глас пред да го продолжи концертот како вистински професионалец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГувернерот на Калифорнија за изјавата на Трамп: Тој е пореметенГувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, откако тој за време на предизборен митинг во Небраска сугерираше дека Иран би можел да ги „уништи“ Лос Анџелес и Сан Диего. „Тоа е мала цена што треба да се плати за да се зачува безбедноста на светот и на нашата земја. Тие можат да уништат еден град. Нека го уништат Лос Анџелес. Нека го уништат Сан Диего“, рече Трамп. Присутните на собирот аплаудираа по неговите зборови. „Откако ги испрати Националната гарда и Маринците да ја окупираат Калифорнија, Доналд Трамп сега вели дека нашите странски непријатели треба да ги ‚уништат‘ Лос Анџелес и Сан Дијего. Тој е пореметен и опасен“, напиша Њусом. Покрај тоа што е втор град по број на жители во САД, Лос Анџелес е седиште на Командата за вселенски системи при Вселенските сили на САД. Градот е исто така дом на компании од областа на воздухопловството и вселенската индустрија, како што се „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), „Боинг“ (Boeing) и „Нортроп Груман“ (Northrop Grumman), како и на федерални истражувачки центри, меѓу кои и корпорацијата „РАНД“ (RAND Corporation). Trump: The war will end very quickly, and prices are going to come down very sharply. You might say, "Please, please, sir, it's going down too fast!" https://t.co/BGc8eXFE7D — Clash Report (@clashreport) October 5, 2026 „Улогата на претседателот е да ја штити земјата, а не активно да ѝ се заканува и да поттикнува напади врз животите на Американците“, напиша на платформата „Икс“ (X) градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Сан Дијего, осмиот по големина град во САД, располага со големи воени објекти во самиот град и во неговата околина, вклучувајќи ги: Поморската база Сан Дијего – матично пристаниште на Пацифичката флота на САД; базата на Корпусот на маринци „Кемп Пендлтон“, каде што престојуваат 70.000 цивили и активен воен персонал; и Поморската амфибиска база „Коронадо“ – главниот центар за обука на специјалните единици „Navy SEALs“ на западниот брег. „Сан Дијего не е колатерална штета, ние не сме потрошен материјал и никогаш не сме биле ’мала цена што треба да се плати‘. Држете го нашиот град подалеку од вашите непромислени закани за војна“, напиша градоначалникот на Сан Дијего, Тод Глорија, на платформата X.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеФЗОМ ги скрати боледувањата кај матичен од седум на пет дена.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања, а до 15 дена матичниот доктор ќе може да даде боледување, ова се новите измени што денеска ги донесе управниот одбор на ФЗОМ. По 15 дена, предлогот за привремена спреченост за работа матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо рачно. Се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи. Кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања. кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена, велат од ФЗОМ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамЕдна функција на автомобилот може да ја намали потрошувачката на гориво и до една четвртинаМногу возачи го исклучуваат системот „старт-стоп“, но истражувањата укажуваат на потенцијалната цена на таквата постапка.Системот „старт-стоп“ автоматски го гаси моторот кога автомобилот ќе запре – на пример, на семафор или во сообраќаен метеж – и повторно го вклучува кога возачот е подготвен да продолжи со возењето. Често се тврди дека оваа технологија може да овозможи заштеда и до 15 проценти при градско возење, иако реалниот ефект зависи од условите. На отворен пат, каде што има малку запирања, придобивката е практично занемарлива. Во 2023 година, Здружението на автомобилски инженери (SAE) спроведе студија на четири возила, користејќи три стандардизирани теста за потрошувачка на гориво. Потрошувачката на гориво се мереше со вклучен и со исклучен систем „старт-стоп“. Резултатите покажуваат дека потрошувачката се намалила за 7,27 проценти при стандардниот градски тест „FTP“. Сепак, во тестот „NYCC“ – кој го симулира возењето со чести запирања и тргнувања – заштедата достигнала дури 26,4 проценти. Од друга страна, ефектот бил многу помал при агресивно возење, кое се карактеризира со чести и нагли забрзувања. Наодите укажуваат на тоа дека системот „старт-стоп“ е најкорисен во ситуации кога автомобилот често стои во место со вклучен мотор. Колку повеќе време се поминува во чекање на семафори или во колони, толку е поголем потенцијалот за заштеда на гориво. Извор: Б92Тагови: гориво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08