3Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
1Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ФудбалХари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси.Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси, како и за факторите што му овозможуваат да напредува и покрај годините. Иако зад себе ја има сезоната од соништата во која постигна 73 гола на 65 натпревари, Кејн останува скромен кога станува збор за индивидуалните признанија. „Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, како на личен план, така и за тимот. Тоа несомнено беше најдобрата сезона во мојот живот. Фактот е дека 73 гола – втор најголем број во историјата – зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд на тоа, но ’Златната топка‘ не зависи од мене; таа зависи од луѓето што гласаат“, изјави англискиот напаѓач, додавајќи дека евентуална церемонија за доделување на наградата во неговиот роден Лондон би имала посебно значење. Кога станува збор за европската елита, Кејн отворено призна дека трофејот во Лигата на шампионите претставува најголем преостанат предизвик за Баварците по болната елиминација минатата сезона. „Минатата сезона беше навистина добра за нас. Завршивме како втори во лигашката фаза и одигравме одлични натпревари против Аталанта, Реал Мадрид и ПСЖ. Бевме многу блиску; имаме самодоверба и вистински тренер. Се работи за тоа да се направи тој последен чекор“, изјави Кејн, кој во елитното натпреварување ќе се соочи со Атлетико Мадрид токму на стадионот каде што го загуби финалето со Тотенхем. Зборувајќи за својата форма и физичка подготвеност во најдобрите играчки години, тој особено ја истакна соработката со спортскиот лекар Алехандро Елоријага – со кого соработува веќе шест и пол години – посочувајќи го како клучен фактор за одржување на неговите настапи на највисоко ниво. Кејн со голема почит се наврати на периодот кога соработуваше со португалскиот тренер Жозе Мурињо во Тотенхем, истакнувајќи дека Мурињо му давал целосна слобода на теренот и совршено го разбирал секој детал од играта. Тој исто така се осврна на можноста да ја освои својата трета „Златна копачка“ – успех со кој би им се придружил на Лионел Меси и Кристијано Роналдо – и се присети на емотивната средба со Аргентинецот по елиминацијата од Светското првенство. „Меси и Роналдо доминираа во фудбалот цела една генерација. Да се биде дел од тој разговор е нешто посебно. Чувствувам огромна почит кон Меси; тој е неверојатен играч и многу скромен човек кој секогаш го ставаше тимот пред себе“, изјави Англичанецот. На крајот, напаѓачот истакна дека најважниот столб на неговата кариера е семејната стабилност што ја има со сопругата, родителите и најблиските, нагласувајќи дека среќата надвор од теренот директно се одразува на неговите настапи за Баерн и за националниот тим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
МакедонијаУште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието200 наставници успешно завршија деветмесечна обука за правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието. Тие се првата генерација наставници кои ќе бидат амбасадори на вештачката интелигенција во училиштата, со задача стекнатото знаење да им го пренесат на своите колеги, но и да ги насочуваат учениците како правилно, одговорно и безбедно да ја користат новата технологија. За значењето на ваквите обуки во време кога вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, говореше и министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека е важно наставниците да бидат подготвени за новите технолошки предизвици. „Во ова време на брз технолошки развој апсолутно е неопходно, децата веќе користат вештачка интелигенција кадешто се кријат многу опасности, правилното користење на вештачката интелигенција во училиштето е столб на правилно користење на модерната технологија“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Во Македонија досега се обучени над 1.000 наставници за примена на вештачката интелигенција во образованието. Јаневска посочи дека ваквите обуки ќе продолжат, со цел што поголем број наставници да стекнат знаења и вештини за користење на новата технологија во наставата. „Со оглед дека училиштето е тоа кое треба да ги научи како корисно да ја користат АИ, да проверат факти, да се заштитат, да ја користат во правец на аналитичко размислување , да не споделуваат лични информации тукмо затоа и овие наши напори во соодветно време да ја спроведеме обуката на наставниците за тие да можат да го направат тоа што треба“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Со ваквите обуки се отвора патот кон посовремено образование, во кое вештачката интелигенција ќе биде алатка за учење и развивање на знаењата, а не замена за самостојното размислување, посочи министерката Јаневска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државатаПредметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот. Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци. При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела. По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКрик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата„Здравиот тука да дојде ќе се разболи, а не болниот од вакво чекање“...Вака со една реченица пациентите кои се борат со канцер и нивните блиски ја објаснуваат состојбата на Онкологија. Некои од пациентите што живеат во другите градови ширум Македонија трошат по 100 евра за превоз на едно доаѓање, а во болница за да примат терапија минуваат и по 8 до 9 часа. Гужвата на Онкологија е само една од маките на пациентите чиј број од година во година се зголемува, па само лани на оваа Клиника има регистрирано 5300 новодијагностирани за разлика од претходната година. Граѓаните велат дека недозволиво е за пет-скен да се чека речиси половина година, снимање за кое дел од нив на приватно плаќаат по околу 1200 евра, а истото е неоходно и клучно за да се види дали карциномот се шири или е локализиран. Уште погорлив проблем е тоа што неретко се случува, дел од пациентите да минат долг пат и неколку часа да чекаат на ред само за на шалтер да им кажат дека за џабе доаѓале бидејќи нема терапија. Дел од пациентите што ги затекнавме пред Клиниката зад камерата ни кажаа дека ова им се случило денес. Патувале до Скопје од Струга и од Куманово но за нив немало од хормоналната терапија Золадекс која се користи за одредени видови на карцином, со цел да се намали влијанието на хормоните врз растот на туморот. Директорот на Клиниката Игор Стојковски вели дека како установа немаат вина што некогаш се случува да нема терапија посочувајќи дека доцнат добавувачите, а најави дека работат на план лекови да се набавуваат за три години однапред. Надлежните велат дека децентрализацијата е започната со консултативни прегледи во Градската болница „Осми септември“ и во Битола, но најавите со години се дека онколошки центри кои ќе бидат опремени и функционални ќе има и во Тетово и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook