Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
1Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
3Секој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен однос
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
ФудбалХари Кејн: „Сега е вистинското време за преговори за продолжување на договорот со Баерн М.“Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн, Хари Кејн, вчера се врати на групните тренинзи на баварскиот гигант по одморот што уследи по Светското првенство.По тренингот на првата средба со новинарите најдобриот стрелец на Баварците, зборуваше за преговорите за продолжување на договорот и за кандидатурата за „Златната топка“. Актуелниот договор на Кејн со Баерн истекува на крајот од сезоната 2026/27, па англискиот голгетер потврди дека наскоро ќе започнат преговорите за продолжување на соработката. „Јасно ставивме до знаење дека сакаме да разговараме по Светското првенство и по мојот одмор. Разговорите ќе започнат оваа или следната недела. Сега е вистинското време за почеток на преговорите, бидејќи ни преостанува само уште една година. Двете страни се опуштени“, изјави Кејн. Што се однесува до престижната „Златна топка“ (Ballon d'Or), Кејн остана скромен, но и оптимист. „Многу сум горд на сезоната што ја одиграв минатата година. ’Златната топка’ е најголемото достигнување од индивидуален аспект. Тоа не зависи од мене. Го направив она што беше во моја моќ во однос на моите настапи. Секако, би било фантастично доколку се оствари тоа. Но, на крајот на краиштата, остануваат уште два или три месеци до одлуката.“ Кејн исто така истакна дека негов приоритет е што поскоро да се врати во ритам и да смета на настап во германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд, кој ќе се одигра во сабота.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаПолитички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинствоИсториска победа за крајната десница во Германија. Алтернатива за Германија убедливо победи на покраинските избори во источногерманската покрајна Саксонија-Анхалт, но остана на само три пратенички места од самостојно мнозинство. АфД освои 43,8 проценти од гласовите и 39 од вкупно 83 места во парламентот во Магдебург повеќе од двојно од резултатот на изборите во 2021 година. АфД – 43,8% │ 39 места ЦДУ – 17,2% │ 15 места СПД – 9,3% │ 8 места ЗЕЛЕНИ – 8,9% │ 8 места ЛЕВИЦА – 8,6% │ 8 места БСЊ – 5,3% │ 5 места МНОЗИНСТВО – 42 МЕСТА АфД – НЕДОСТИГААТ 3 МАНДАТИ За мнозинство се потребни 42 пратеници. Иако АфД остана под таа граница, нејзиниот покраински лидер Улрих Зигмунд го оцени резултатот како јасен мандат за формирање влада и веќе се гледа себеси како иден премиер на Саксонија-Анхалт. -Овие историски избори не се единствено важни за Саксонија-Анхал, како што напомена Алис, битни се за цела Германија. Затоа сега овој моментум сакам да го искористам да испратам политичка порака до Берлин. Работите ќе се менуваат, тоа е реалноста не само за Саксонија-Анхалт, туку работите од овој успех ќе се менуваат и на федерално ниво – порача тој. Луѓето многу јасно покажаа дека конечно сакаат политички промени“, истакна претседателката на АфД на сојузно ниво, Алис Вајдел. -Со освоени 44 проценти од гласовите за АФД наспроти 17 проценти освоени на ЦДУ, можам да кажам дека партијата ЦДУ доживеа изборен дебакал. Резултат кој ќе се одрази и на федерално ниво – изјави таа. АфД, уште еднаш предупреди дека нема да се откаже од своите клучни програмски позиции. Партија е за драстично ограничување на имиграцијата и построг азил, обновување на односите со Русија и запирање на помошта за Украина. АфД е и за радикална реформа на ЕУ па дури и напуштање на Германија од Унијата. Но, изборната победа не значи автоматски и власт. Сите големи партии досега одбиваат коалиција со АфД. Сепак, изборниот земјотрес во Саксонија-Анхалт силно одекна и во Берлин. ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц падна на историски ниски 17,2 проценти, додека АфД првпат е толку блиску до преземање на извршната власт во една германска покраина. Клучното прашање е дали овој успех ќе остане регионален или ќе прерасне во уште посилен подем на сојузно ниво и закана за канцеларската функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаУгинати се околу 10.000 овци, потврдени 64 жаришта на сипаници кај овцитеСипаниците кај овците се проширија на 64 потврдени жаришта. Досега се евидентирани околу 10.000 угинати овци, најголем дел во источниот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСекој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен односНад 100 илјади луѓе во Македонија работат – а формално ги нема бидејќи, работат во нерегистрирани бизниси или се дел од неплатена семејна работа.Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека 101.022 лица се неформално вработени. Тоа е секој седми вработен во земјава или 14,3 проценти од вкупно вработените. Најмногу ги има таму каде што работата е сезонска и најчесто тешко се контролира. Половина од неформалното вработување е во Земјоделство каде се регистрирани 51.487 лица. Следува градежништвото со 17,2 проценти. Заедно, овие две дејности сочинуваат повеќе од две третини од неформалната вработеност. Токму за намалување на овие бројки од нова година почна примената и можноста да се легализираат сезонските вработувања во земјдоелството преку компјутер од дома без тие да го изгубат социјалното, пензиите или било кој друг статус. Дека проблемот е голем најдобро се гледа преку споредбата колку луѓе официјално бараат работа и колку има неформалсно вработени. Според официјалните бројки во вториот квартал има 90.020 невработени – околу 11 илјади помалку од неформално вработените. За само три месеци бројот на неформално вработените е зголемен за нови 6825 лица што е раст од 7,2%. Сезоната можеби ја поместува статистиката од квартал во квартал но бројката останува. 101 илјада луѓе работат само што не се дел од формалниот пазар на труд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter