НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
БалканХаргривс: Без спроведување на договорите од Брисел и Охрид меѓу Косово и Србија нема стабилностХаргривс во интервју за косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ вели дека граѓаните на Косово, особено оние на северот на државата, плаќаат висока цена за ненормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Џонатан Харгривс, изјави дека мирот и стабилноста во регионот нема целосно да се постигнат без имплементација на сите аспекти од бриселскиот договор и охридскиот анекс, како од косовска така и од српска страна, јави дописникот на МИА од Приштина. Харгривс во интервју за косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ вели дека граѓаните на Косово, особено оние на северот на државата, плаќаат висока цена за ненормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. „Јасно ми е дека Косово има јасна визија за модерна, демократска, мултиетничка и европска држава. Ќе направиме сé што можеме за да поддржиме и да промовираме мир и стабилност во овој регион. Сепак, тоа нема да биде целосно постигнато додека не се имплементираат сите аспекти на Основниот договор и Охридскиот договор, и од косовска и од српска страна. Длабоко е фрустрирачки што тие ги прекинаа преговорите во моментов“, рече Харгривс. „КоССев“ објави дека интервјуто со Харгривс го направил на почетокот на неделата, пред во петокот да бидат затворени петте објекти на паралелните структури на Србија во општините со мнозинско српско население на север. Харгривс се приклучи на критиките на другите амбасадори од земјите на КВИНТ во врска со најновата акција. „Акциите кои суштински влијаат на благосостојбата на косовските Срби и другите немнозински заедници бараат внимателна консултација со цврстите пријатели и безбедносни партнери на Косово, во контекст на поширок дијалог. Акциите на северот на Косово беа спроведени без тоа и ризикуваат да поттикнат тензии и да ги погодат најранливите“, се вели во реакцијата на Харгривс. Во интервјуто за „КоССев“, Харгривс вели дека „Владата на Косово треба да направи повеќе за Србите да се чувствуваат дека се безбедни и да имаат иднина на Косово“. Тој рече дека Велика Британија, партнерите на КВИНТ и на Европската унија, остануваат цврсто зад суверено, независно, мултиетничко Косово, „кое ги нормализира односите со Србија“. Според Харгривс, има многу прашања што треба да се решат во Косово. „Прифаќањето на минатото, неизвесноста за семејствата на исчезнатите, болката на оние кои се уште страдаат од војната, неизвесноста што ја чувствуваат немнозинските заедници во Косово. Сè уште има многу реални тензии и безбедносни ризици, што значи дека улогата на КФОР на НАТО останува поважна од кога било за одржување на безбедна средина за сите во Косово“, рече Харгривс. Тој неколку пати ги посетил северните делови на Косово и вели дека ако може да ги сумира разговорите со косовските Срби во еден збор, тоа е „длабока несигурност и недоверба во способноста на владите во Приштина и Белград да ја слушнат нивната загриженост“. „Луѓето кои живеат тука сè уште плаќаат висока цена за недостатокот на нормализација меѓу Косово и Србија“, рече Харгривс. Британскиот амбасадор вели дека „Велика Британија е многу горда на односите со Косово“. Тој ги спомена и чекорите кои се успешно преземени, како што се „прашањето за сметките за струја на север, како и прашањето за регистарските таблички и пренамена на возачките дозволи“. Во врска со терористичкиот напад во Бањска на 24 септември минатата година, кога беше убиен наредникот на косовската полиција, Африм Буњаку, Харгривс рече дека е важно Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот, и другите припадници на групата напаѓачи да бидат изведени пред лицето на правдата. „Јасно е разбирањето на мојата влада за она што се случи во Бањска. Тоа беше многу сериозен настан. Многу е важно Милан Радоичиќ и другите одговорни да бидат ефективно изведени пред лицето на правдата. Мислам дека додека тоа не се направи, постои ризик да се разниша довербата во Србија за преговори во дијалог со добра волја. Обединетото Кралство продолжува редовно да се залага за ова“, рече Харгривс./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд се соочува со нови тужби- загрозено му е богатството од 17 милиони евра Расел Бренд (51) вчера беше прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад во Краунскиот суд Саутерк во Лондон . Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали поради можни граѓански тужби, пишува „Промифлеш“. Се очекуваат и бројни барања за отштета Една жена веќе бара до 120.000 евра во Високиот суд во Лондон, а против него е поднесена уште една тужба во САД. Се очекува дека и други жени би можеле да поднесат слични барања. Обвинителот во Лондон го обвинува Расел дека сексуално ја нападнал во 2008 година во неговата вила во Лос Анџелес. Судските документи, што ги виде „Гардијан“, наведуваат дека тој насилно ја соблекол нејзината облека и долна облека и ја турнал на креветот. Потоа, наводно против нејзина волја, тој се обидел да изврши орален секс врз неа. Жената рекла дека успеала да избега и подоцна ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН). Таа ја поднела тужбата во 2025 година, а Расел оттогаш ја нарекол „фундаментално нечесна“. Постапката по таа тужба била прекината за време на тековното судење бидејќи наводниот инцидент се случил надвор од надлежноста на англиските кривични судови. Оваа жена не била една од четирите обвинители во кривичната постапка. Сомнителни приходи и нови истраги Не е познато колку пари Расел Бренд моментално поседува или колку од неговите средства му се достапни. Тој остварил приход од комедија, телевизија, радио, холивудски филмови, книги и онлајн формати. Откако бил демонетизиран на YouTube во септември 2023 година, Дејли Меил проценил дека заработувал околу 1 милион евра годишно на таа платформа. Во меѓувреме, Метрополитенската полиција сè уште истражува уште две обвинувања за силување. Документацијата за тие случаи веќе е предадена на Канцеларијата на британскиот државен обвинител.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT. Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица. 🇩🇪🇱🇹 В пятницу в Литве начинаются масштабные военные учения Бундесвера с участием более 6000 военнослужащих.‼️ 🛡️В маневрах Freedom Shield 26-II и Grand Eagle 26, которые продлятся до 3 декабря, задействованы подразделения 45-й бронетанковой бригады Lietuva и 37-й мотопехотной бригады Sachsen 10-й танковой дивизии Германии.‼️ — Александр Кайдаш (@wizardaleks) November 6, 2026 Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците. Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада. Do Polski wlewają się coraz większe ilości niemieckiego wojska !!! Nie wypada nikogo straszyć obecnością sojuszników z NATO, ale pomimo przemieszczania się niemieckich wojsk na wschód czy to do Litwy gdzie stacjonuje niemiecka brygada, czy to na ćwiczenia w Polsce to należy głośno powiedzieć, że jest to najgorszy możliwy moment aby niemiecka armia była widziana na polskich drogach. W tej chwili trwa zamach na polską wolność i demokracje premiera, który ma niemieckie pochodzenie i elity UE oficjalnie go wspierają. Do tego obecnie na czele UE stoi niemiecki komisarz i albo te niemieckie wojska rzeczywiście przybywają z odsieczą dla puczysty Tuska albo niemieckie Elity po prostu mają całkowitą pogardę dla Polaków. Obie opcję są godne potępienia. — Dariusz Wiewiórka (@darekwiewiorka) November 6, 2026 Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба. Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември. Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција. Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници. Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.Тагови: воена вежба НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиитеПознатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at. На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“. Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл. View this post on Instagram A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) Тој сака повторно да се врати на шпоретот Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој. Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел. Тагови: Џејми Оливер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter