Харадинај : Косово покажа политичка зрелост

Во 19 часот беа затворени гласачките места на предвремените парламентарни избори на Косово, со највисок процент на излезност и 20 приведени поради изборни манипулации.

Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, кој истовремено е и кандидат за премиер на коалицијата ААК-ПСД, рече откако се затворија гласачките кутии дека неговата партија расте. „Ние гледаме раст на ААК, но сè уште не можеме да ги објавиме резултатите. Фактот за најгоелмата излезност  е доказ дека вреди да се врати мандатот на народот “, рече Харадинај. Тој беше промотор на овие предвремени избори, откако поднесе оставка пред три месеци, по  повикот  да сведочи во Хашкиот трибунал. „Три моменти што треба да се потенцираат се дека Косово покажа политичка зрелост, изборите поминаа на најдобар можен начин“, рече Харадинај. „Вреди да се напомене дека овој пат се гласаше само со косовски документи “, рече тој. Сепак, луѓето блиски до Харадинај започнаа да се сомневаат во манипулација со резултатите.

Гласачките места беа отворени од 7 до 7 часот во 38 косовски општини. Гласањето се одвиваше во 895 избирачки центри со вкупно 2.547 избирачки места и околу 1,9 милиони избирачи со право на глас.

Одѕивот беше највисок до сега, 44,9 проценти.

Косовското државно обвинителство соопшти дека 20 лица биле приведени во текот на изборниот процес. Обвинителството идентификуваше 16 случаи на изборни прекршувања на терен и 20 лица се приведени . Ова се злоупотреби на гласачкото право, мешање во  гласањето, загрозување на тајноста на гласањето, уништување документи за гласање, спречување на остварување гласачкото право.

На овие избори, според одлуката на Централната изборна комисија, беа користени само важечки косовски документи, додека порано беше можно да се гласа и со српски документи.

На изборите се натпреваруваа 25 политички субјекти, од кои четири се коалиции, 20 политички партии и еден независен кандидат.

Овие парламентарни избори се седми по ред од војната на  Косово во 1999 година.

притисни ентер