Хаос во студио во Истанбул среде земјотрес- водителката се тресе од страв (ВИДЕО) - Канал 5

Хаос во студио во Истанбул среде земјотрес- водителката се тресе од страв (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој претходно денеска го погоди Мраморното Море, во близина на Истанбул, предизвика голема паника кај над 15 милиони жители.

Хаос во студио во Истанбул среде земјотрес- водителката се тресе од страв (ВИДЕО)

Водителка на Си-Ен-Ен Турција емитуваше во живо кога земјотресот се случи во 12:49 часот. по локално време, објави Dailymail.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како водителката панично се тресе и цврсто се држи за масата во студиото во Истанбул.

Засега нема извештаи за штета, но луѓето биле евакуирани од зградата кога земјотресот го погодил и го потресе градот. Телевизиската станица ТГРТ јави дека над 150 лица се повредени откако скокнале од балкони за време на земјотресот, што се случи за време на националниот празник во Турција.

Земјотресот бил толку силен што се почувствувал и во соседните земји Грција, Македонија, Романија и Бугарија. Новинарите на АФП во Софија рекоа дека почувствувале како се тресе земјата.

Во 2023 година, Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе и срушија десетици илјади згради во источна Турција и соседна Сирија.

Стотици градежни изведувачи се уапсени по истрагата откако беше откриено дека бројот на жртви е поголем поради нивното непридржување кон градежните правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер