БалканХаос во српското собрание, чадни бомби, факели, тепачки – повредени три пратеничкиСериозна е здравствената состојба на пратеничката Јасмина Обрадовиќ на која и се слошило откако доживеала мозочен удар во српскот парламент по инцидентите кои се случија. Министерот за здравство Лончар потврди дека таа е примена на интензивна нега на Ургентниот центар каде и е укажана помош. -Таа е во прилично сериозна состојба, доживеа мозочен удар. По втор пат ја прекинуваме дијагностијата тоа е поради нејзиниот висок притисок кој оди над 200, не можеме да ја завршиме целосно дијагностиката затоа што едноставно не реагира на целата терапија.- – Златибор Лончар – Министер за здравје на Р. Србија pic.twitter.com/SHzHaAs9u0 — MMMarija (@Marija64729972) March 4, 2025 Развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме. На ургентен пратеничката Обрадовиќ ја посети и српискиот претседател Александар Вучиќ за што објави фотографија на социјалните мрежи како и преимерот во оставка Милош Вучевиќ кој подоцна случувањата во собранието ги нарече политички теороризам од страна на опозицијата. -Помирно беше на дербито помеѓу Зведа и Партизан отколку што денес беше на заседанието на Народното собрание. Секако се поставува прашањето како тие сето тоа го внесоа, каква е таа организација како им успеа се да внесат. – Милош Вучевиќ – Премиер во оставка Во белградската градска болница е пренесена и пратеничката Соња Илиќ каде и се следи состојбата, таа е во осмиот месец од бременоста а на која и се слошило за време на немирите во народното собрание. Лекари интервенирале и за повредите на пратеничката Јасмина Каранац откако била удрена во главата. Хаосот во српското собрание настана по жестоката расправа околу дневниот ред на седницата по што во салата се фрлаа димни бомби, јајца и шишиња а имаше и туркање помеѓу пратениците. Опозициските пратеници запалија црвени димни бомби, додека во салата можеше да се забележи и црн и бел чад. Развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме. pic.twitter.com/iALcpVk47S — Ime Prezime (@Lozinkaje47169b) March 4, 2025 Повредена била и пратеничката Јасмина Каранац откако била уредна во главата, а како што кажа Брнабиќ на пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се слошило откако доживеала мозочен удар, екипата на Брзата помош веднаш реагирала и е во животна опасност. Evo kako je i ko je povredio Jasminu Obradović. pic.twitter.com/jBe91l6xDA — Saša Popović (@SasaPopovich) March 4, 2025 Пред инцидентите во српското собрание опозициските пратеници инсистираа останатите точки да бидат тргнати од дневен ред освен една. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ инсистираше Собранието да продолжи со работа. -Ваква Србија никогаш нема да победи. Нема да не запрете никогаш, никогаш нема да не запрете. Миленичиња на Албин Курти, ова го правеше Албин Курти го правите и вие. – Ана Брнабиќ – Претседател на Собрание на Р. Србија Пред инцидентите во српското собрание опозициските пратеници инсистираа останатите точки да бидат тргнати од дневен ред освен една. -Сметаме дека единствена точка на дневен ред треба да биде првата која е предложена и која се однесува на исполнување на четвртото студентско барање и сите останати треба да бидат тргнати од дневниот ред. – Мариника Тепиќ – Партија за слобода и правда Но откако овој предлог не помина и беше изгласан деневен ред со повеќе точки, меѓу кои и оставката на премиерот Вучевиќ, започнаа инцидентите. Во собраниската сала има силно обезбедување а по смирувањето на тензиите седницата продолжи. Основното јавно обвинителство на Белград отвори истрага и нареди прибирање на докази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook