Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
СветХаос во Ормутскиот теснец: Танкери се обиделе да поминат, Иранците пукале кон нив Ирански воени бродови отворија оган врз танкер во Ормутскиот теснец.Нападот се случил откако најмалку два трговски брода се обидоа да поминат низ Ормутскиот теснец, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на три поморски извори. Иран претходно ја поништи одлуката за краткотрајно повторно отворање на клучниот воден пат, обвинувајќи ги САД дека не ги исполниле своите обврски според договорот за прекин на огнот. Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека регистрирала пријавен инцидент во близина на теснецот, североисточно од Оман. Капетанот на еден од танкерите изјавил дека на неговиот брод му се приближиле воени чамци на Иранската револуционерна гарда и отворил оган, соопшти организацијата, која ја води Кралската морнарица. Сепак, танкерот и неговиот екипаж се наводно безбедни. Претходно, за време на краткото отворање на теснецот, неколку бродови почнаа да се движат низ водниот пат во она што Ројтерс го нарече „прво значајно движење“ на бродови низ теснецот од почетокот на војната. Сепак, конвојот што се формирал сега очигледно е распрснат, според најновите податоци за следење од платформата MarineTraffic. Трговските бродови во Ормутскиот теснец добија порака преку радио од иранската морнарица во која се наведува дека водниот пат повторно е затворен. Претходно, еден танкер објави дека му се приближил ирански воен брод и отворил оган. Иран денес ја поништи одлуката за кратко повторно отворање на теснецот, што претходно предизвика она што го нарече „прво значајно движење“ на бродови низ преминот од почетокот на војната.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЗдравјеМинистерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцетоПо повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања. Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале. „Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК. Тагови: Дон Џони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во РусијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8 000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за распоредување на уште 10 000 војници.Повикувајќи се на „нови податоци“ за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, Зеленски во објава на платформата Икс наведе дека тие „Се избираат за обука и последователно распоредување во Русија“. Украинскиот претседател минатиот месец рече дека до 50 000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија. Според украинските и независните проценки, Пјонгјанг, исто така, ја снабдил Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09