Хаос во Истанбул: Над 550 проведени демонстранти, полицијата ги растерува со водени топови (ВИДЕО) - Канал 5

Хаос во Истанбул: Над 550 проведени демонстранти, полицијата ги растерува со водени топови (ВИДЕО)

Турската полиција денес интервенираше против групите кои се обидоа да го одбележат Меѓународниот ден на работниците, 1 мај, на плоштадот Таксим во Истанбул.

Хаос во Истанбул: Над 550 проведени демонстранти, полицијата ги растерува со водени топови (ВИДЕО)

Турската полиција денес интервенираше против демонстрантите кои се обидоа да го одбележат Меѓународниот ден на работниците, 1 мај, на плоштадот Таксим во Истанбул, додека, според организациите за човекови права и медиумите, најмалку 550 лица се приведени во неколку делови од градот, објави Еуроњуз.

Според „Здружението на современи правници“, низ целиот град беа спроведени полициски интервенции, по што беа приведени голем број учесници на протестот.

YouTube video

Според извештајот, централниот дел од градот беше под строги полициски мерки, а плоштадот Таксим, и покрај претходните судски одлуки, беше блокиран за собири и оваа година.

YouTube video

Работниците, претставниците на политичките партии и невладините организации кои се обидоа да маршираат под слоганот „Таксим е работнички плоштад“ беа запрени и приведени за време на полициските интервенции, објавува телевизијата Халк.

Новинската агенција Анадолија објави дека меѓу приведените е и Башаран Аксу, организациски експерт за синдикатот, познат по штрајкот со глад на рударите.

За време на полициската интервенција, солзавец беше употребен и против претседателот на Турската работничка партија, Еркан Баш, кој оцени дека властите „повторно ја потврдуваат репресијата и стеснувањето на слободите“, повикувајќи да се дозволи мирно собирање на граѓаните.

Видео од полициската интервенција против млад човек кој стана симбол на овогодинешниот Први мај во Истанбул привлече особено внимание на јавноста.

На снимката се гледа како полицијата го соборува младиот човек на земја, му ја притиска главата на земја и му го стиска вратот, додека во моментот на интервенцијата тој држи стисната тупаница крената во воздух, која останува стисната во текот на целата интервенција.

Во Анкара, синдикатите, професионалните организации и политичките партии одржаа митинг пред Културниот центар „Ататурк“, од каде што се упатија кон плоштадот Тандоган.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Ден пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.

 Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп.

Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка..

Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер