Но , сцената на суспендирање , во еден момент стана хаотична . Опозициските пратеници почнаа да извикуваат ,,не” , кога почна церемонијата на ,,носителот на црн жезол” и побара од нив да го испратат до Домот на лордовите. Опозициските пратеници се обидоа и со своите тела да му го блокираат патот на претседателот на Долниот дом, Џон Берков , за да не стане од своето место и да не ја почне церемонијата на пророгација.
И како што владејачките Ториевци, или конзервативните пратеници излегоа од Долниот дом, пратениците од опозицијата свиркаа и извикуваа „се срамиме од вас“, објави Би-Би-Си. Некои од нив држеа листови со напис „замолчени“.
За разлика од владејачките, опозицијата остана во салата и почна да пее. Тие на крајот се ракуваа со претседателот Берков на излезот.