Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт
2Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт
ЕвропаХаос во Австрија: Илјадници граѓани со денови ќе останат без картички и банкомати Австрија се подготвува за голема промена во својот банкарски систем за време на претстојниот викенд за празниците Педесетница, што ќе влијае на стотици илјади клиенти.Причината е спојувањето на Salzburger Sparkasse и Erste Bank Österreich. Иако правното спојување е веќе завршено, сега доаѓа најважниот и најкомплицираниот дел - целосното поврзување на ИТ системите на двете банки, објави Феникс. Како резултат на тоа, клиентите на Salzburger Sparkasse ќе имаат сериозни проблеми со користењето на нивните банкарски услуги од 23 до 25 мај 2026 година. Банката предупреди дека во овој период, следново може да биде целосно нарушено или тешко за користење: • Интернет и мобилно банкарство, • Плаќања со картички во продавници, • Подигање пари од банкомати. Ова значи дека некои клиенти можеби нема да можат да плаќаат со картичка, да подигаат готовина или да вршат итни трансфери на пари. Покрај техничките проблеми, клиентите ќе добијат и нови броеви на сметки или нови IBAN, како и нови банкарски картички што ќе пристигнат во јуни. Старите картички ќе можат да се користат најдоцна до крајот на август 2026 година, по што тие ќе престанат да важат трајно. Банката наведува дека трајните налози, директните дебити и плаќањата автоматски ќе бидат пренасочени кон новите сметки, дури и ако некој уплати пари на стариот IBAN. Сепак, граѓаните ќе мора сами да ги известат работодавачите, сопствениците на недвижности, осигурителните компании и онлајн услугите за новите детали за сметката, со цел да се избегнат проблеми со плаќањата и исплатите. Банката им советува на клиентите да се подготват навреме за викендот кога системите ќе бидат достапни во ограничена мера. Се препорачува важните плаќања и трансфери да се вршат неколку дена однапред, како и граѓаните на Австрија да подигнат доволно готовина однапред пред системите привремено да се исклучат на 23 мај.Тагови: австрија банкомати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагираПовеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а никој да не сноси одговорност. Не може институциите да потфрлат и да не го заштитат здравјето на луѓето и никој да не одговара. Со последната изјава Клековски призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Ако водата билна полна со бактерии како тврдеа дека е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, извештај за водата, кој дозволил и дал одобрение. Само затоа што „експертот“ што соопшти беше Мицкоски. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Ова ова е здравствена катастрофа, тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Савески наместо на еккурзија мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на властТепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС. И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче. Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водатаГолема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница.Случајот бил пријавен во СВР Битола вчера околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните двајца сопатници останале на езерото. Според пријавата, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани. Во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.Тагови: Преспанското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter