Хаос низ Европа: Први снимки од аеродромите во Франција и од нападот на синагогата во Берлин - Канал 5

Хаос низ Европа: Први снимки од аеродромите во Франција и од нападот на синагогата во Берлин

Француската полиција соопшти дека денеска се евакуирани шест аеродроми низ земјата поради закани за бомби.

Хаос низ Европа: Први снимки од аеродромите во Франција и од нападот на синагогата во Берлин

Сајт Локал објави дека аеродромите во Лион, Лил, Тулуз, Париз и Бове биле евакуирани.

АФП, повикувајќи се на извор од француската полиција, рече дека евакуацијата ќе им овозможи на властите „да ги разјаснат сите сомнежи“ за тоа дали заканите се реални или не.

Се вели дека и полетувањата и слетувањата се суспендирани на аеродромите погодени од заканите, така што патниците може да очекуваат доцнење од неколку часа.

Од аеродромот во Лил било соопштено дека таму веќе пристигнале „тимови на државната безбедност“.

Франција прогласи состојба на максимална готовност откако на 13 октомври во таа земја беше убиен наставник во напад за кој се верува дека го извршил исламист.

Версајската палата, една од главните туристички атракции во Франција, вчера беше затворена на неколку часа по втората безбедносна тревога за само четири дена.

Претходно денеска два молотови коктели беа фрлени врз синагога во центарот на германската престолнина Берлин.

АП пренесува дека полицијата соопштила дека антисемитските инциденти во Германија се во пораст по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.

Се вели дека германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осудил нападот во берлинскиот кварт Мите.

– Никогаш нема да прифатиме да се вршат напади врз еврејските институции – рече Шолц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?

Скалпел во рака на робот наместо кај хирургот.

Дали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?

Лекарот не е врз пациентот во операциона сала туку на страна, седи и управува со роботските раце кои нудат милиметарска прецизност, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите. Вака изгледаат првите операции на Урологија со роботика или роботска асистенција извршени врз четворица пациенти над 60 годишна возраст на кои им е отстранет карцином на простата. Сите се добри и наместо подолго време време да лежат во болница за неколку дена ќе бидат пуштени дома, вели д-р Башким Шабани, Директор на Урологија кој учествувал во операциите.

Применети се две методи на оперирање со робот апаратот, вели Директорот Шабани, и планот е во иднина да продолжи едукацијата за работа со овој апарат на робот кој не оперира туку асистира и е од Кина и чини околу 1,8 милиони евра. Засега овој апарат е во Македонија но не е набавен, роботот е донесен привремено.

Во четирите операции под менторство на проф. Гу Ди освен Директорот д-р Шабани како научен соработник, во робот асистираните операции вклучени се и проф. д-р Огнен Ивановски, доцент д-р Александар Трифуновски и д-р Оливер Станков како научен соработник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата

Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно

Јавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата

Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно, ерсофт и пејнтбол направите за спортски игри ќе мора да се пријават, листата на забранети оружја ќе се прошири, а ќе се воведат и построги правила за трговија и трансфер.. Ова се дел од новините кои се предвидени со новиот закон за оружје кој го предлага Владата со европско знаменце. На јавната расправа со собранието од МВР порачаа дека целиот текст е скроен за усогласување со ЕУ регулативата, да се намалат ризиците за јавната безбедност и да се стави крај на досегашните проблеми во пракса.

-Овој закон не е пишуван зад затворени врати. Гласот на луѓето кои секојдневно работат со оружјето – ловците, стрелците, стопанствениците, е вграден во решението што го предлагаме. Главните придобивки може да ги сублимираме во три зборови – побрзи процедури, зајакната безбедност и подобри услуги за граѓаните.Јован Алтанџиев помошник министер за граѓански работи.

Засегнатите организации како комората за приватно обезбедување, стрелачката и ловечката федерација, ги кажаа своите критики во Собранието. Дел од нив целат дека воопшто не биле повикани за консултација кога се пишувал законот, други пак забележаа дека се воведуваат неприменливи правила.

-Зошто за некое оружје за кое се бара само потврда а не и дозвола за набавка, треба да има дозвола за носење? Во овој случај ние сметаме дека е сосема доволен налогот за носење оружје и легитимацијата бидејќи работниците за приватно обезбедување додека стигнат до моментот на легитимација тие веќе ја поминале обуката за ракување со оружје.Верица Милевска Стефановска - Комора за приватно обезбедување.

-Успеавме да се зголеми годишната количина на муниција и истата да се купува без одобренија за имателите на оружје, додека истата да биде неограничена за активните спортски натпреварувачи. Исто така голем бенефит е дигитализацијата за поднесување барање за оружје и муниција.Јордан Тасевски –Македонска спортска стрелачка федерација.

-После неколку децении исчезнаа зборовите пневматско и тетивно оружје, а останаа само зборовите огнено оружје, што не е фактичка ситуација бидејќи во оплимписките спортови се употребува и огнено и пневматско и тетивно и ладно оружје,-Владимир Пандовски – дипломиран детектив.

Постоечкиот закон за оружје е донесен во 2005 година и е менуван 15 пати. МВР одлучило овојпат да изготви целосно нов текст бидејќи поголемиот дел не бил во согласност со европските критериуми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер