Хаос на патеката во Белгија: Алонсо се судри со Хамилтон и го исфрли од трката (ВИДЕО) - Канал 5

Хаос на патеката во Белгија: Алонсо се судри со Хамилтон и го исфрли од трката (ВИДЕО)

На денешната ГН на Белгија на Спа-Франкоршамп имаше судир меѓу Луис Хамилтон во Мерцедес и Фернандо Алонсо во Алпина.

Хаос на патеката во Белгија: Алонсо се судри со Хамилтон и го исфрли од трката (ВИДЕО)

Веднаш по стартот на трката, Хамилтон го нападна Алонсо на второто место и го презеде водството. Британецот по сударот се откажа и го заврши настапот.

Посебно интересна беше комуникацијата меѓу Алонсо и неговата екипа по ударот. Шпанскиот возач го нарече Хамилтон идиот. "Да, каков идиот! Ме затвори однадвор. Имавме одличен почеток, но овој човек знае да вози само ако тргне прв", рекол бесниот Алонсо.

Да потсетиме, Карлос Саинц Јуниор (Ферари) прв стартуваше пред Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул). Во вториот стартен ред е Алпина на Фернандо Алонсо, а зад него се возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

YouTube video

Лидерот во светскиот шампионат, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), постави најбрзо време во квалификациите, но денеска стартуваше само 15-ти на гридот поради казна за промена на механичките делови над квотата. Шарл Леклер (Ферари), втор во шампионатот и исто така казнет, ​​стартуваше од 16. место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски позитивно гледа на последната иницијатива за т.н. постепена интергација во ЕУ, но предупредува дека оваа алатка може да биде корисна само ако биде мост до полноправо членство,а не да се претвори во трајна чекална.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална

По најавите дека есенва Европската Комисија ќе усвои нова стратегија за т.н постепена интеграција на земјите кандидати во ЕУ додека спроведуваат реформи, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски ваквите иницијативи ги оцени како позитивни, но само ако на нив не се гледа како на алтерантива за полноправното члнество.

На панел дискусија на Дубровник форумот, осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.

-Доколку овој нов модел на постепена интеграција што треба да се имплементира, се надеваме во одреден момент, претставува мост кон полноправно членство и тоа е пораката што ја примаме од сите, тогаш ќе биде исклучително корисна алатка. Но, мора да внимаваме да не стане алатка за поплаки каде што се гледа како нешто што е направено и ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство. И мислам дека ова е главната загриженост која постои, но генерално расположението и тоа што го слушнавме и за што се разговараме, од наша перспектива е исклучително позитивн, изјави Муцунски.

Во обраќањето министерот за надворешни работи посочи и дека покрај тврдењата на 26 земји членки дека Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми, истовремено Бугарија според него инсистира и на дополнителни билатерални барања, поврзани со ревизија на националната историја и други области што, како што рече, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.

- Една земја членка, вели, покрај тоа, европскиот консензус е и сет на други договори кои очигледно постојат меѓу двете држави, вклучувајќи, меѓудругото, ревизија на нашата национална историја и области како интервенција во домашните медиумски работи на земјата и други прашања исто така. Значи прашањето е дури и ако го направиме она што 26 земји членки на ЕУ и европските институции ни кажуваат да го направиме, една земја членка штом го направиме ќе рече: „Сега кога сме тука, ајде да почнеме со овие други аспекти што ни се важни“. Ова е замката, многу очигледна, изјави Муцунски.

На истиот панел, американскиот професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.

-Ова е уште една грешка на Европската Унија, да го притиска Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања. И постојат и други решенија. Може да држат состаноци во Советот и погодете што, Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата, изјави Џозеф.

Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот Муцунски од Дубровник порача дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик ниту „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор. Простор за дијалог со Софија за отворените прашања од македонска страна постои, кажа Муцунски, а во меѓувреме, државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и денеска инсистираше дека се уште нема договор за владината реконструкција...

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

На партискиот настан во Куманово денеска не присуствуваше министерот Филков, но Димитриевски вели дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

ВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. 

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер