Хаос на границата меѓу Мексико и САД: Деца плачат затворени во кафези (видео)

Американскиот портал „Пропублика“ објави снимка која со огромна брзина се прошири по интернет.

Имено, веќе со денови Американците ги потресуваат информациите за присилното раздвојување на децата на илегалните мигранти од своите родители. Неодамна се појавија и снимките на децата кои се затворени во просторот ограден со ограда од жица во Тексас, а „Пропублика“ ги објави аудио снимките на децата на возраст од четири до десет години, на која плачат и ги повикуваат своите родители и роднини.

Потсетуваме поради политиката на “нулта толеранција“, за да се спречи илегалната миграција, во изминатите шест недели 2000 деца се раздвоени од своите родители.

Поради тоа против таквата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се побуни и неговата сопруга Меланија, но и Лаура Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

На снимките кои ги објави „Прорепублика“ се слуша плачот на децата во кафезите во еден од камповите на американско-мексиканската граница во која пограничната полиција ги држи децата раздвоени од родителите – илегалните миграни.

На снимките се слуша детскиот плач, но и граничар која коментирајќи го плачот на децата одвоени од родители, изјавува: Имаме вистински оркестар тука. Ни недостига само уште диригент.

Истовремено се објавени и видео снимките од децата затворени во кафезите во големиот пограничен центар во местото Мекален во Тексас. Снимките на уплаканите деца и децата заробени во кафезите со голема брзина се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции кај оние кои сметаат дека станува збор за нехумана пракса.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер