АвтомобилизамХаос на автопат во Германија, автомобил возел во спротивна насока со 300 км/чГерманската полиција во раните утрински часови бркала возач на автомобил кој возел во погрешна насока со брзина од 300 километри на час во близина на Штутгарт на југозападот на земјата.Филмската потера започнала кога засега анонимниот возачот налетал на сообраќаен метеж, а потоа го свртел автомобилот и забрзано тргнал кон Штутгарт, возејќи во погрешна насока. Очевидци повикале брза помош, а во потерата се вклучила и полицијата која во неколку наврати го губела возилото од вид. Конечно, полициски хеликоптер го пронашол возилото, кое возачот го оставил на автопатот и побегнал пеш. Возилото е одземено, а истражителите се обидуваат да утврдат кој го управувал. Во ноќната потера учествувале 41 полициско возило од шест полициски станици и еден хеликоптер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ЕвропаШпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантитеШпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата.. Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСедница на социјално - економскиот советЗаконот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет...Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки. По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка. Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаПолицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон Старите навики и натаму се гледаат, побрзо возење меѓу пешаци, во спротивна насока, а речиси никој не ги турка тротинетите за да премине улица – па останува да се види, дали казните ќе ја поттикнат совеста кај оние кои возат тротинети.А, токму овие навики денеска беа под лупа на полицијата која денеска на неколку локации во градот ги стопираше возачите на тротинети кои не се придржуваа до поригорозните правила кои сега се законски регулирани. Дел од нив беа изненадени, други пак со изговор дека не знаеле оти законот веќе е на сила, па им беше посочено од полицјата на што треба да внимаваат во иднина за да бидат сите побезбедни. Забележавме на тротинетите и малолетници, кои не само што не смеат да возат, туку возеа и на булевар, во спротивна насока, а и побргу од утврдената брзина и покрај тоа што за нив казните се највисоки, односно 275 евра, а можат да останат и без тротинетот. Еден од малолетниците не успеа да ја избегне полициската стоп-палка. Ако малолетник биде сопрен на тротинет, веднаш се повикуваат неговите родители, како и инспектор за малолетници – се изготвува записник и потоа следува прекршочната процедура – па затоа од МВР апелираат до родителите, за најмладите да бидат побезбедни, најважно е да се стекнат со сообраќајна култура и да научат да ги почитуваат законите од најрана возраст. Воедно, побараа сите да бидат внимателни за посигурни улици. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот како и до возачите на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државатам, бидејќи почитување на сообраќајните правила значи и заштита на човекови живот,- – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Електричните тротинети со новото законско решение станаа „лесно електрично возило“, а силата на електромоторот не смее да надминува 0,6 киловати и 35 кг без товар. Максимална дозволена брзина е 20 кмч на вело-патека, и 6 кмч на пешачка патека – возењето на булевар е забрането. Не смеат да се превезуваат други лица, во спротивно, и тој што вози, а и тој што се превезува ќе треба да платат по 100 евра казна. Воедно, тротинетот не смее да се вози при минување на пешачки премин. За опасноста што ја носат овие превозни средства, пред се по самите возачи говори и статистиката на итната медицинска помош, од каде посочуваат дека во просек 3 лица завршуваат во Итна медицинска помош по падови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08