Хантер Бајден призна дека е виновен по обвиненијата за избегнување плаќање даноци

Со вчерашното признание на вина, заврши еден бурен ден во федералниот суд во Лос Анџелес.

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД Џо Бајден, призна вина по неколку федерални обвиненија за избегнување плаќање даноци и на тој начин избегна судење и последователниот репутациски удар од судењето кое се очекуваше да фрли неповолна светлина на неговите минати деловни зделки и неговиот разуздан животен стил, јавија синоќа дел од американските медиуми.

Со вчерашното признание на вина, заврши еден бурен ден во федералниот суд во Лос Анџелес, каде што требаше да започне избор на порота но тоа нема да се случи.

На почетокот на судењето, адвокатот на Бајден предложи необичен договор каде синот на претседателот би ја задржал својата невиност, додека прифаќа дека доказите се доволни за пресуда за вина.

Обвинителите рекоа дека се шокирани од предлогот за таканаречениот договор „Алфорд“ и дека нема да поддржат никакво признаниа на вина без вистинско признание на вина.

-Хантер Бајден не е невин. Хантер Бајден е виновен, изјави обвинителот Лео Вајс пред окружниот судија Марк Скарси, назначен додека претседател беше Доналд Трамп.

Подоцна, адвокатот на Бајден се врати од пауза и му рече на Скарси дека неговиот клиент ќе го отфрли такво признавање и ќе признае вина без да прави договор со обвинителите предводени од специјалниот советник Дејвид Вајс.

-Да продолжиме, изјави адвокатот на Бајден.

Тој рече дека овој кривичен прогон претставувал тежок период за семејството на Бајден и дека дополнителен стрес би било ако има судење во Лос Анџелес, каде што би биле вклучени членови на семејството Бајден како сведоци.

Додека се подготвуваше признанието, Скарси му рече на Бајден дека обвиненијата носат максимална казна од 15 години затвор и максимална парична казна од меѓу 500.000 и еден милион долари.

Синот на претседателот за ова претходно се изјасни дека е невин во однос на тоа дека не платил најмалку 1,4 милиони долари даноци кои ги должел од 2016 до 2019 година. Деветте обвиненија вклучуваат три кривични дела и шест прекршоци. Во нив се тврди дека не поднел даночни пријави или не платил даноци за време на период на екстремно трошење под влијание на дроги. /МИА

Почна првата забавна „Детска олимпијада Кратово 2024“

Над 180 дечиња од Кратово, од пет до дванаесет години, се дел од годинашната забавна „Детска олимпијада Кратово 2024“. 

- Спортско-забавната програма наменета за деца на возраст од 5 до 12 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава е прва во Општина Кратово и се спроведува со 180 деца распоредени во неколку групи, во различни спортови. Се одржува на спортскиот отворен терен Мусала во организација на училишниот спорстки клуб „Кочо Рацин“, а е финансирана од Општина Кратово и останати локални фирми и поединци, информираат од Општина Кратово.

Забавната „Детска олимпијада“ има за цел ширење пријателство, еднаквост, промовирање на здрав начин на живот и спортска култура кај најмладите.

Програмата ја спроведуваат наставниците од основните и средното општинско училиште во Кратово, а од Општината ги повикаа сите млади и родители активно да се вклучат во активностите што ја пренесуваат пораката за пријателство и еднаквост во секојдневниот живот и на спортските терени.

„Детската олимпијада Кратово 2024“ ќе се спроведува по два дена во неделата до крајот на месецот./МИА

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Топаана

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Како што информират од ова јавно претпријатие, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.

-Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, се вели во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“.

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари во Перу

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари ширум Перу, изјави министерот за здравство Сезар Васкез.

Во Перу годинава регистрирани се 222 шумски пожари, од кои 51 сè уште се активни.

Претседателката на Перу, Дина Болуарте вчера отпатува во регионот Амазон за да ги координира акциите со локалните власти и другите институции. Генералната дирекција за управување со ризици од катастрофи мобилизира 65 здравствени работници, 59 бригади за интервенција и 25 возила на брзата помош во најзагрозените подрачја од пожарите. /МИА

притисни ентер