Хансер Микел Родригез потпиша за Вардар - Канал 5

Хансер Микел Родригез потпиша за Вардар

Кубански ракометар Хансер Микел Родригез е најновото засилување за Вардар. „Црвено-црните“ денес соопштија дека е потпишан договор со 21-годишниот Родригез.

Хансер Микел Родригез потпиша за Вардар

Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата.

Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар. Беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригез беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.

Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.

За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.

Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.

Кубанскиот играч е четвртото официјално засилување за клубот досега, и тој веќе напорно работи на тренинзите со останатите играчи под водство на тренерот Владо Недановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. 

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута.

Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер, Албин Курти, беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на собранието на Косово. 

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тиме Кадријај го гаѓаше со јајца.

Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.

Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден.

Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци.

Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер