Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
1Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СкијањеХансдотер најбрза на слаломот во Крањска Гора Фрида Хансдотер од Шведска победи на денешениот слалом што се одржа во Крањска Гора во рамките на Светскиот куп. Хансдотер имаше вкупно време од 1:50.17 минута. На победничкиот пиедестал се најдоа и две скијачки од Австрија (сестри) Марлиз Шилд и Бернадета Шилд, кои заостанаа пет односно 15 стотинки од секундата зад победничката. Водечката од првата трка Микаела Шифрин од САД поради грешката во втората трка го освои седмото место. Во пласманот за слалом Шифрин е во водство со 438 бодови, пред Хансдотер со 358, а трета е Марлиз Шилд со 325. Во генералниот пласман води Марија Хефл – Риш од Германија со 1.079 бодови, пред Тина Вајратер од Лихтенштајн со 943, а трета е Ана Фенингер од Австрија со 871. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели Најмалку 22 лица загинаа денеска во судир меѓу автобус и камион на автопат во Кенија, соопшти полицијата.Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес. Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата. Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми. Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија. Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста. Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава. Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните. „Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание. ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво. Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook