НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
2НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеХанс Клуге од СЗО: Без паника за коронавирусот, да се следат препораките за заштита И во последниве 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија случаи, значи на тие 20 уште седум.Нема потреба од паника од тревога и паника за коронавирусот, граѓаните треба да ги почитуваат сите нормални мерки за заштита од болести, а државните власти да бидат во состојба на приправност, порача денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге, при учеството на вториот Национален форум за здравје во Скопје. Како што информираше, моментно на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион на СЗО во кој вкупно има 53 земји. – И во последниве 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија случаи, значи на тие 20 уште седум. Но, да не зборавиме дека од вкупниот број случаи 97 проценти се во Кина. Ова е важно да се каже затоа што треба да се има предвид она што се нарекува пропорционална реакција, наведе Клуге. Според него, нашите македонските здравствени власти и Владата ги спроведуваат препораките од СЗО. Дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона, како што укажа, беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се спремни за евентуално да ги примат пациентите. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје. – Се што треба се прави и се работи, но бидејќи станува збор за непредвидлива ситуација не можеме да знаеме што ќе се случи, тоа важи како за Македонија, така и за Италија и за други земји, изјави Клуге. Тој вчера дошол во Скопје од Рим каде што имал состанок со италијанскиот министер за здравство, со европскиот комесар за безбедност на храна и здравство и со директорот на Европскиот центар за контрола на болести. Минатиов викенд испратил експерти од СЗО и од Европскиот центар за контрола на болести да отидат во Италија и да видат што точно се случува на терен и да помогнат колку што можат. -Она што го знаеме е дека во регионот на Венето во Италија имаме два случаја кои не се епидемиолошки поврзани, односно тие немале контакт ниту со пациент, ниту со некој кој патувал во Кина и тоа е сега предмет на нашата работа, односно нашите истражувања се токму во таа насока. И не може да се исклучи можноста дека можат да се појават кластери на локализирана појава на зголемен број на случаи, како што имаме денес во Италија, утре може да биде во друга земја и слично, рече Клуге. Исто така, дополни, ова е поврзано и со капацитетот за тестирање на мострите. Ниту една друга земја нема направено толку многу тестови како Италија, каде заклучно со вчерашниот ден се направени над 10 илјади тестови. – Многу внимателно и будно ја следиме состојбата. Денес се уште сме во фаза која се нарекува – ситуацијата е задржана под контрола, нагласи Клуге. Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Факт е, вели, дека се работи за нов вирус, но и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат помеѓу 60 илјади и 65 илјади лица. Граѓаните ги советува да ги почитуваат сите нормални мерки за заштита од болести, да одржуваат хигиена на рацете, кашлање и кивање да прават во лактот или марамче и да ги фрлаат во затворена канта, да се дистанцираат на 2-3 метри растојание од некој кој кашла или кива… Укажува и да се информираат од веродостојни извори, како што е од Министерството за здравство или СЗО затоа што, потенцираше, се соочуваме не само со епидемија туку со нов термин инфодемија и феноменот на лажните вести. Ја истакна и потребата за заштита на здравственитре работници. Пораката до владите, укажа, е да останат во состојба на приправност на што е можно повисоко ниво. Прво, да можат да бидат способни да откриваат случаи. Второ, да постапуваат со пациентите со емпатија и дигнитет бидејќи знаеме дека многу негативни ефекти доаѓаат од т.н. социјална дискриминација. Трето, превенција и контрола на инфекциите, односно спречување на заразите внатре во самите здравствени установи. Четврто, битно е владите да комуницираат со своите граѓани на јазик којшто граѓаните го разбираат, со таков вокабулар, со таква терминологија, рече Клуге./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44