Хан: Побрзо да се дојде до решение за Законот за јавно обвинителство

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан  денеска апелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за Законот за јавно обвинителство.

-Ги поттикнувам сите политички партии што побрзо да дојдат до решение. За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењерто на правото, истакна Хан одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Судскиот систем, како што посочи еврокомесарот Хан, мора да рабори според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

Премиерот Заев рече дека со еврокомесарот Хан споделиле искрени очекувања дека благодарение на процес што ги става и двете условни страни, и власта и опозицијата како победници, до крајот на овој месец да се постигне политички концензус, а на крајот на август почеток на септември да се изгласа законот за јавно обвинителство. Посебно имајќи предвид дека се работи за иднината на нашата земја, за стратешка цел, зад која сите официјално стоиме и се бориме, а тоа е конечно после 15 години да добиеме датум за почеток на преговори, додаде Заев.

– Очекуваме во октомври врз основа на извештајот од Европската Унија, поради техничкиот аспект што беше одложена одлуката од јуни за октомври конечно во октомври да ја добиеме позитивната одлука. Но, притоа не сакаме да станеме било каков аргумент за било која од земјите, заради тоа што се уште не е завршено гласањето за законбот за јавно обвинителство. Но уште поважно зарди граѓаните, заради земјата дека треба да го завршиме гласањето на законот за јавното обвинителсто, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Премиерот рече дека со Хан споделиле информации дека опозицијата ја потврдила својата поента во преговарачкиот процес, односно успеала да ја убедат власта дека треба да се спојат обвинителствата, што е прифатено.

-Има јасни легални клаузули за 30 јуни 2017 година и употребата на прислушуваните разговори. Еднаквоста и принципиелноста во континуитет на сите јавни обвинители во државата и изедначеност на јавните обвинители во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Така да опозицијата е вградена во овој закон и верувам дека имаме видлива ситуација која на крајот ќе им служи чесно на граѓаните, каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување за иднината на предметите, за правните аспекти и оставено е целосно на јавно обвинителскиот систем, како и на судството да ги носат одлуките, истакна Заев. /МИА

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер