Хамилтон за второто место: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време - Канал 5

Хамилтон за второто место: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изрази задоволство од пласманот на второ место во Формула 1 спринтот за Големата награда на Кина.

Хамилтон за второто место: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

- Секогаш кога доаѓам овде, луѓето ми даваат голема поддршка. Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по долго време. Јас сум многу среќен. Секако, не можеме да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е огромен чекор напред. Во овој краток период од трката научив многу за болидот, па со нетрпение го очекувам утрешниот ден, изјави Хамилтон за „BBC Sport“.

Верстапен, победи во спринтот, второто место го зазеде Хамилтон од Мерцедес (+13.043 секунди), трет беше Серхио Перез (+15.258) од Ред Бул.

Големата награда за кинеското Гран при ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди бара да се затвори зоолошката градина

Активистите бараат независна истрага за бегството на волците.

Анима Мунди бара да се затвори зоолошката градина

Итно да се затвори скопската зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици.

Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија собори 660 украински дронови

Ноќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот.  

Русија собори 660 украински дронови

Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Вработените“ во пералната и без пари и без работа

Пред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа.

„Вработените“ во пералната и без пари и без работа

Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер