Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ФормулаХамилтон: Урнете ги сите споменици, не требало ниту да постојат ! (ВИДЕО)Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на Инстаграм објави дека им се приклучи на демонстрантите во британскиот град Бристол кои вчера го соборија споменикот на трговецот со робови, Едвард Колстон.Тоа беше кулминацијата на протестите против смртта на Џорџ Флојд во тој град, кои беа осудени од некои членови на британскиот парламент. Илјадници Афроамериканци се собраа во центарот на градот и го соборија споменикот на Колстон со громогласно одобрување. Хамилтон, еден од најгласните спортисти во борбата против афро-американското насилство во САД, отворено ги поддржа демонстрантите. „Јас не поддржувам насилство и криминал, но владата имаше доволно време да го отстрани тој споменик. Едвард Колстон беше монструм кој купуваше и продаваше Африканци и ги принуди да бидат робови до смрт. Никој што направил такви работи не заслужува споменик.Никогаш не требаше да биде дозволено да го добие споменикот. Горд сум на активистите кои го урнаа неговиот споменик. Нека ги урнат сите , низ целиот свет. Го поддржувам тоа. ”, напиша Хамилтон на Инстаграм со видеото од уривањето. Демонстрантите го влечеа споменикот до реката и го фрлија во неа, по што беа критикувани. Исто така, имало предлози споменикот да се пренесе во музеј. Ова дополнително го налути Хамилтон, кој се обрати со друга приказна на Инстаграм. "Ако овие луѓе не го уништија тој споменик, тој сè уште ќе стоеше таму во чест на расистот. Се зборува за преселба во музеј. Тој споменик мора да остане во таа река заедно со 20.000 Африканци кои умреа на патот кон Европа или беа фрлени во морето. Нека се подигне споменик на местото на неговиот споменик ,во чест на сите оние што умреа заради него“, напишал Британецот. View this post on Instagram I DO NOT CONDONE VIOLENCE OR CRIMINAL ACTS BUT YOU HAVE HAD PLENTY OF TIME TO DO THIS YOURSELVES AND HAVEN’T. POWER TO THE PEOPLE✊🏾. #Repost @shaunking ・・・ Edward Colston was a monster who bought, sold, and traded Africans, human beings, and forced them into slavery until they died. Nobody who did this should be honored. It was/is terrorism. Now. Then. He never should’ve had a statue. I’m proud of the activists and organizers in Bristol, in the United Kingdom, who tore this down. TEAR THEM ALL DOWN. Everywhere. I support this A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on Jun 8, 2020 at 4:02am PDT Едвард Колстон е роден во Бристол во 1636 година и за 84-години , колку што живеел бил трговец и член на парламентот, но и трговец со робови. Тој бил гувернер на Кралската африканска компанија, кралска компанија која се занимавала со трговија со робови и стоки од Африка. За време на неговото владеење, компанијата пренела околу 84.000 Африканци во Европа, а 20.000 починале на патот за Велика Британија. На почетокот на 20 век започнала иницијативи за отстранување на споменикот, но тој останал да стои во центарот на Бристол, а улици, плоштади, училишта и некои други институции биле именувани по Колстон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОбвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петокВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце. Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и ГрубиКога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик. Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе. Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија. Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПодготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со УкраинаПолска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио. Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин. Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова. Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“. Извор: Б92Тагови: Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook