ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
1ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
3Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026
ФормулаХамилтон со победата во Германија го стигна рекордот на Шумахер Британецот Луис Хамилтон е победник на Големата награда на Ајфел на патеката во германскиот Нирбургринг.Хамилтон ја оствари 91-та победа во кариерата и се изедначи со Михаел Шумахер на врвот на вечната скала. По трката, синот на Михаел, Мик Шумахер, му подари на Хамилтон еден од кацигите на неговиот татко што ја носел во текот на целата своја кариера, како награда за големото достигнување. RECORD EQUALLED!@LewisHamilton joins Michael Schumacher on 91 #F1 wins with victory at the Nurburgring pic.twitter.com/otypPxw6b8 — Formula 1 (@F1) October 11, 2020 Хамилтон трката ја започна од втората позиција зад клупскиот колега Валтери Ботас. Во 12-от круг од трката, Британецот го престигна Финецот, откако во првиот свиок закочи премногу доцна и отиде на страна доволно за Хамилтон да го престигне. Само седум круга подоцна, Ботас изгуби сила во моторот и мораше да ја заврши трката порано од очекуваното. Второто место му припадна на Макс Верстапен, додека третото му припадна на Даниел Рикиардо во Рено. Меѓу првите 10, трката во Рејсинг Поинт ја заврши Германецот Нико Хилкенберг, кој вчера го замени недоволно подготвениот Ленс Строл и трката ја започна од последното место. Халк ја заврши трката на осмото место, а по него следеше Чарлс Леклерк на седмото место. Хамилтон сега има вкупно 230 поени, а вицешампион е Валтери Ботас со 161. Следната трка е закажана за две недели во Португалија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава.Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други. Од бургери, такоси и гиро, преку суши и различни интернационални специјалитети, па сè до атрактивни десерти – годинешното издание носи значително побогата понуда, со вкусови за секој поединец. AERO Street Food Festival и оваа година останува доследен на определбата да даде простор исклучиво на македонски изведувачи и да ја промовира домашната музичка сцена. Фестивалската програма ќе понуди настапи на познати музички имиња, бендови и диџеи, со различни жанрови и музички изрази наменети за повеќе генерации. Секоја фестивалска вечер ќе биде исполнета со музика во живо и DJ-сетови. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel, Acoustic Division со трибјут посветен на Владо Јаневски, Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, Fluere, DJ Guardian и DJ Ficho. Фестивалот ќе заврши со настап на диџеите од Sure Shotz и специјален трибјут посветен на ДНК. Со спојот на квалитетна street food понуда, македонска музика и урбана атмосфера, AERO Street Food Festival има цел да создаде препознатливо место за дружење и забава, каде што заедно ќе уживаат семејствата, младите и сите љубители на добрата храна и музика. Настанот е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаваат неговата важност за збогатување на културната и забавната понуда во градот, како и за промоција и поддршка на домашната музичка и локалната гастрономска сцена. Од 4 до 8 септември нè очекуваат пет фестивалски вечери исполнети со нови вкусови, македонска музика и одлична атмосфера. AERO Street Food Festival 2026 – поголем, позвучен и поразновиден од кога било досега! Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter