Хамилтон: Сигурно ќе победиме барем на една трка до крајот на сезоната - Канал 5

Хамилтон: Сигурно ќе победиме барем на една трка до крајот на сезоната

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, верува во способноста на Мерцедес да победи барем на една трка до крајот на сезоната.

Хамилтон: Сигурно ќе победиме барем на една трка до крајот на сезоната

Британецот ги сподели своите очекувања за следната сезона и ги оцени перспективите на тимот.

Хамилтон претходно имаше победа секоја сезона откако ја започна својата Формула 1 кариера во 2007 година. Серијата беше прекината во сезоната 2022 година - а единствената победа во тој шампионат на Мерцедес му ја донесе Џорџ Расел.

Според Хамилтон, следната освоена трка, со оглед на предноста на Ред Бул во последните години, доколку победи, тој може тоа да го нарече најголемото достигнување во неговата кариера.

- Кога не ја чувствувате вашата рамнотежа додека возите, вашата желба да ризикувате се намалува. Се надевам дека количината на податоци што ги собравме оваа година ќе влијае на развојот на болидот следната година. На тоа се надеваат сите во Мерцедес. Секогаш мора да веруваме во остварувањето на нашите цели. И никогаш да не се откажуваме. Сигурно повторно ќе победиме. Ние сме способни за ова. Допрва ќе се најдеме на највисокото скалило на подиумот. И ова веројатно ќе биде главниот триумф во мојата кариера, изјави Хамилтон.

На шест трки до крајот на Ф1 шампионатот Хамилтон е на 3. место во поредокот со 190 освоени бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Шимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него.

Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање.

Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените.

Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна.

Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење.

Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер