3Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
ФормулаХамилтон: Секој возач во Формула 1 сега би сакал да седне зад воланот на болидот на Ред БулВозачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би бил заинтересиран да вози неколку круга во болидот на Ред Бул.- Апсолутно секој возач кој се натпреварува овде сонува да биде зад воланот на победнички автомобил. Секој Формула 1 возач сега гледа во болидот на Ред Бул и би сакал да седне зад воланот. И не велам себеси дека не би сакал да бидам зад воланот на болидот на Ред Бул - да почувствувам колку е навистина добро. Имавме две тешки сезони. Но, ако работиме да го подобриме нашиот болид и да ја достигнеме конкуренцијата, тоа ќе донесе повеќе задоволство отколку ако веднаш седнам зад воланот на подобар болид, изјави Хамилтон за „Racingnews365“. На крајот на сезоната 2023 година, Ред Бул го освои шампионатот за конструктори, освојувајќи 860 поени, Мерцедес го зазеде второто место. Макс Верстапен стана светски шампион, Хамилтон сезоната 2023 ја заврши на третото место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЗајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоциНа 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила.При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот,соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ТехнологијаГугл ја тужи ЕУ пред судот во Луксембург поради одлуката на регулаторот за ВИ Американската технолошка компанија Google оспори две одлуки на регулаторите на ЕУ во суд во Луксембург со кои им се наложува на конкурентите да им дадат пристап до некои услуги и податоци.Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарување на корисниците без доволно силна анонимизација, како и ослабување на некои безбедносни заштити на Android уредите, објави Ројтерс. „Луѓето го користат пребарувањето за нивните најлични прашања, од здравствени проблеми до интимни врски“, рече директорот за конкурентски прашања на Гугл, Оливер Бетел, оценувајќи дека споделувањето на такви податоци без соодветни заштитни мерки може трајно да ја загрози приватноста на корисниците. Во јули, Европската комисија им наложи на Google да им дозволи на конкурентите за интернет пребарување и на развивачите на вештачка интелигенција пристап до одредени услуги што ги напојува нејзиниот модел Gemini AI според Законот за дигитални пазари (DMA). Втората одлука на регулаторите на ЕУ се однесува на пристапот до податоците од пребарувањето на Google од страна на конкурентските пребарувачи. Европската комисија наведува дека обете предложени мерки содржат силни заштитни мерки за приватноста на корисниците, интегритетот и безбедноста на уредот, а американскиот пребарувач DuckDuckGo исто така застана на страната, тврдејќи дека приговорот на Google само го одложува спроведувањето на мерките.Тагови: вештачка интелигенција гугл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЕвропаСе урна руски бомбардер, загинаа шест члена на екипажот (ВИДЕО)Руски стратешки бомбардер Ту-95 се урна денес за време на тренинг лет во регионот Амур на Далечниот Исток. Шест члена на екипажот загинаа во несреќата, а еден е повреден, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството објасни дека авионот паднал во ненаселена област и дека не носел муниција. Покрената е кривична постапка, а истражната комисија на Воздухопловните сили е испратена на местото на настанот. Според првите проценки, причината за несреќата е технички дефект. Базата е клучна после украинските напади Руските државни медиуми известуваат дека несреќата се случила во близина на селото Краснојарово, кратко по полетувањето од воздухопловната база Украина. Тоа е една од најголемите руски бази за стратешки авиони со долг дострел. Урнатиот Ту-95, дизајниран уште во Советскиот Сојуз, е единствениот стратешки бомбардер со погон на пропелер што сè уште е во употреба, кој може да носи и нуклеарно оружје. Воздухопловната база Украина стана главен центар за преостанатите стратешки бомбардери на Русија откако беа принудени да се повлечат од базите во европскиот дел на земјата. Russian Air Force lost two big aircraft today and in the same Region of Russia. But so far no confirmation of a collision or if they were related. - TASS reported a Tu-95 went down in Krasnoyarovo, killing all 6 crew - footage seen here) - ASN also noticed that a Russian AF Tu-154 crashed also in the same region "after a technical malfunction". (of 7 aboard, 1 survivor) Updates when possible https://t.co/nY83eimRQC — Francisco Cunha - ✈️ Aviation et al (@OnDisasters) September 29, 2026 Преместувањето следи по големата операција на Украинската безбедносна служба (SBU) во јуни 2025 година, со кодно име „Пајажина“. Нападите, извршени од беспилотни летала скриени во камиони, уништија или оштетија повеќе од 40 руски авиони, вклучувајќи седум до осум бомбардери Ту-95.Тагови: бомбардер екипажот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11