Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ФормулаХамилтон: Седумте титули на Шумахер никогаш не биле моја целВозачот на „Мрецедес“, Луис Хамилтон изјави дека никогаш немал цел да го стигне рекордот на Михаел Шумахер од седум титули во Формула 1.Британецот во моментов води со 67 поени пред Себастијан Фетел и може да ја освои триумфира шампионската титула уште оваа недела во САД, доколку освои најмалку осум бода повеќе од пилотот на „Ферари“. - Искрено, ова никогаш не беше моја цел. Сакав да го изедначам постигнувањето на Аиртон Сена, кој беше човекот, како кого сакав да бидам, и пред две години го направив тоа. Потоа за мене беше сосема непозната територија. Секако, успехот на Михаел е фантастичен и навистина треба да направам многу за да го постигнам тоа. Сепак ќе бидам тука уште некое време, па продолжувам да работам и да го правам тоа што го сакам и ќе видиме до каде ќе стигнам, изјави Луис, кој има пет победи во шест старта во Остин. Тој додаде дека се чуствува сосема мирен пред трката во САД и неговиот пристап кон неа ќе биде како кон секоја друга. - Мојот пристап ќе биде како и обично. Сакаме да победиме на трката и ќе се обидеме да го подготвиме и автомобилот максимално добро. Не сум загрижен и знам што да правам, додаде Хамилтон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter