Хамилтон победи по сударот со Розберг - Канал 5

Хамилтон победи по сударот со Розберг

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Австрија откако во драматична завршница беше поумешен од клупскиот колега Нико Розберг.

Хамилтон победи по сударот со Розберг
Во последниот круг Хамилтон се обиде да го мине Розберг, кој беше лидер до тој момент, но Германецот погреши по што дојде до судар, а болидот на Розберг беше во лоша состојба.

Хамилтон извозе до првото место, а Розберг беше минат од Макс Ферстапен (втор) и од Кими Раиконен (трет).

Трката на „Ред бул ринг“ беше исклучително интересна. Прво механичарите го оневозможија Хамилтон да биде на првото место, а потоа Себастијан Фетел остана надвор од трката откако му експлодира едната гума. Сите овие пехови ги искористи Розберг, кој го имаше водството, но само до последниот круг.

Во генералниот пласман води Розберг со 153 бодови, иако за инцидентот е под истрага, а Хамилтон има 142, додека на делба на третото место се возачите на „Ферари“ Раиконен и Фетел со по 96 бодови.

Кај конструкторите на првото место е „Мерцедес“ со 295 бодови, пред „Ферари“ со 192.

Следната трка се вози на 10 јули на патеката „Силверстоун“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Домашни плескавици

Во среда (24.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Пеце Ристески.

„Гответе со Дракче“ - Домашни плескавици

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 гр. кашкавал

100 гр. лебни трошки

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апсолутниот рекорд за јуни е соборен, светските океани никогаш потопли

Океаните и морињата во светот бележат невидени температури за ова време од годината.

Апсолутниот рекорд за јуни е соборен, светските океани никогаш  потопли

Рекордот на сите времиња за јуни е соборен, што предизвикува загриженост за последиците врз глобалното време и морскиот свет. Според податоците од Европската служба за климатски промени „Коперник“, која комбинира мерења од сателити, бродови и пловки, просечната глобална температура на површината на морето достигна 20,86 степени Целзиусови на 21 јуни, а 20,89 степени на 28 јуни, надминувајќи го рекордот од 2024 година, пишува CNN.

Невообичаената топлина беше поттикната од почетокот на Ел Нињо, природен климатски феномен обележан со невообичаено топли води долж екваторијалниот тропски Пацифик. Иако Ел Нињо штотуку започна, тој би можел да се интензивира и да стане еден од најсилните во последните децении.

Во позадина на сè, велат научниците, е климатската криза предизвикана од човековата активност, која исто така ги зголемува температурите. Со децении, океаните дејствуваа како главен резервоар на топлина на планетата, апсорбирајќи 90 проценти од вишокот топлина генерирана од човековото согорување на фосилни горива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик

СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик

Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори. Тоа прво го прифатија, а сега токму поради тоа го блокираат Законот.

Очигледно е дека на СДС и Левица им пречат реформите, напредокот и секој успех на Македонија.

СДС и Левица треба да знаат дека овој Изборен законик не е партиски документ. Тој е дел од Реформската агенда, усогласуван со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и е важен чекор кон исполнување на обврските што државата ги има преземено.

Затоа е неразбирливо зошто СДС и Левица денес го блокираат токму она што вчера го договараа. Единствениот логичен одговор е дека политичката пресметка им стана поважна од интересите на државата.

Ги повикуваме да престанат со политичките игри, да ги повлечат амандманите кои служат само за опструкција и заеднички да го донесеме Изборниот законик во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да биде заложник на политички калкулации. Ќе продолжиме да работиме одговорно, да ги спроведуваме реформите и да ги штитиме интересите на сите граѓани, вклучително и на македонската дијаспора, која заслужува еднакво и современо право на глас.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер