3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ФормулаХамилтон : Ова е за Чедвик , ми беше примерАктуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се прости од актерот Чадвик Босман, кој почина на 43-годишна возраст.Босман беше најпознат по улогата на Црниот Пантер, а тој почина во неговиот дом во Лос Анџелес, опкружен со неговата сопруга и семејството. Поради сè што стори на патот за рушење на расните бариери во САД, Хамилтон му остави трогателна порака откако ја освои почетната позиција за Големата награда на Белгија. "Освојувањето на почетната позиција сакам да му ја посветам на Чедвик. Она што тој го постигна и го остави зад себе, за мене е неверојатно. Тој инспирираше цели генерации мажи и жени со темна кожа и им даде вистински суперхерој за да имаат идол. Почивај во мир, пријателе," напиша Хамилтон на својот Твитер профил. I want to dedicate this pole to Chadwick. What he accomplished and the legacy he left is so incredible to me. He’s inspired a whole generation of young black men and women and provided them with a true superhero to look up to. Rest in power my friend.#WakandaForever #blackpanther pic.twitter.com/M7EgGess9p — Lewis Hamilton (@LewisHamilton) August 29, 2020 Во својата кариера, Босман отелотвори неколку историски фигури познати по рушење на расните бариери во САД, вклучувајќи го и соул пејачот Џејмс Браун во „Get on Up“, американскиот врховен судија Тургуд Маршал во Маршал и првиот афро-американски професионален бејзбол играч Џеки Робинсон во филмот 42. "Кога се разбудив, ја слушнав веста дека Чедвик починал. Тоа навистина ме скрши. Тој беше блескаво светло. Ваканда засекогаш. Само сакам да излезам и да возам совршено", изјави Хамилтон денес пред квалификацискиот натпревар. Wakanda Forever pic.twitter.com/2d9DTu8RsL — Formula 1 (@F1) August 29, 2020 Црниот Пантер беше првиот филм за суперхерои во кој актерите беа претежно Афроамериканци. Тој беше меѓу најпалтените филмови во таа година и беше номиниран за шест Оскари, меѓу кои и Најдобра слика, и освои три - Најдобра филмска музика, најдобра продукција и најдобар дизајн на костуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичментАмериканскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент.Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент поради неговите постапки во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји „Добро, тој доби две војни. Не знам како може да покренете постапка за импичмент против него. Што ќе кажете за импичмент на одговорните за војните во Виетнам, Авганистан, Ирак и сите останати, кога војувавме бескрајно, а ништо не постигнавме “, изјави Трамп, додавајќи дека ќе го поддржи Хегсет доколку Конгресот одлучи да го отстрани од функцијата. Претходно вчера, конгресменот Томас Маси предложи гласање за импичмент на министерот за одбрана. Предлогот на републиканскиот конгресмен беше поднесен веднаш по отворањето на првата седница на Претставничкиот дом по меѓуизборите. Тој главно се однесува на постапките на Хегсет во врска со војната во Иран, но ги опфаќа и неговите постапки во рамките на американските воени операции во Јемен и Венецуела. Маси оцени дека дејствијата на министерот претставуваат „тешки престапи и прекршоци“ и дека начинот на кој тој раководи со Пентагон ги исполнува условите за покренување постапка за импичмент. Гласањето во Претставничкиот дом би можело да се одржи во средината на неделата, со што дополнително ќе се зголеми притисокот врз републиканците, од кои многумина го посочија конфликтот во Иран како една од причините за изборниот неуспех. Сепак, натамошниот тек на постапката останува неизвесен. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се обиде да го спречи гласањето, предупредувајќи ги пратениците дека не треба да покренуваат постапка за импичмент против министерот за одбрана додека траат американските воени операции на Блискиот Исток. „Покренувањето постапка за импичмент против член на администрацијата токму сега, особено против министерот за одбрана додека се водат воени операции во странство, би испратило ужасна порака. Тоа би било нешто што нашите сојузници и противници би го виделе“, изјави Џонсон на почетокот на седницата. Се очекува повеќето демократи во Претставничкиот дом да ја поддржат постапката за импичмент на Хегсет. Лидерот на демократското малцинство, Хаким Џефрис, во текот на викендот изјави дека е време министерот за одбрана да ја напушти функцијата. Доколку предлогот добие поддршка во Претставничкиот дом, постапката ќе продолжи во Сенатот. Републиканците сè уште имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, сè до јануари, кога новоизбраните членови ќе положат заклетва, а демократите ќе ја преземат контролата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook