Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ФормулаХамилтон: Од дете се борев со депресијатаСедумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (39), во интервју за лондонски Тајмс откри дека уште од детството се борел со депресија, најпрво справувајќи се со малтретирање на училиште, а потоа со притисокот во Ф1.Хамилтон, кој се натпреварува од својата шеста година, рече дека и како возрасен се борел со депресијата и оти му било тешко да зборува за тоа. „Имаше злоставување и малтретирање на училиште. Немав со кого да разговарам. Целиот мој живот се борев со менталното здравје и депресијата уште од раното детство, од мојата 13. година. Кога имав дваесет години имав навистина тешки фази“, изјави Хамилтон во интервју за Тајмс. Хамилтон дебитираше во Формула 1 во 2007 година на 21-годиншна возраст, станувајќи првиот црномурест возач во конкуренцијата. Тој го освои шампионатот следната година и го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум светски титули во 2020 година. Британецот изјави дека денес се чувствува позрел отколку порано во кариерата. „Учиш за работите кои ти ги пренеле родителите, забележуваш шеми, како реагираш на нештата, како можеш да го промениш тоа. Она што можеше да ме налути во минатото не ме лути денес“, додаде тој. Возачот на Мерцедес, кој треба да му се приклучи на Ферари следната година, во моментов е шестопласиран во Светскиот шампионат во Формула 1, пред следната трка на 20 октомври во Остин./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиониИталија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи. Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим. Соработка Берлин-Рим Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство. Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин. Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook