3Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
ФормулаХамилтон: Ни претстои многу работа во борбата против лидеритеПред Големата награда на Бахреин, Луис Хамилтон даде искрена оценка за моменталните можности на Ферари, признавајќи дека тие заостануваат зад водечките тимови и дека се потребни итни подобрувања.- Треба да ја намалиме разликата од 0,3-0,4 секунди со лидерите. Ова бара сериозна работа. Ние напредуваме, но кога и другите тимови ќе почнат да прават ажурирања, ќе стане јасно колку можеме да им се приближиме. Моментално сме фокусирани да ја најдеме потребната сила, изјави Хамилтон за „Sky Sports“. Четвртата етапа од сезоната 2025 ќе се одржи од 11 до 13 април во Бахреин. Ферари се четврти во шампионатот за конструктори со 35 бодови. Италијанскиот тим заостанува 76 бодови зад Мекларен кој води на табелата. Фото: ЕПАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средбаПотпелистерското село Трново, односно дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е местото каде се одржува Семакедонската средба, годинава по 55 пат.Традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. На големиот празник Илинден голем број наши сограѓани, гости од други градови во Македонија, Македонци од соседните земји, иселеници, денеска празнуваа со песна и оро, а беа испратени значајни пораки за нашата земја, за нејзината позиција и за предизвиците со кои се соочува. По интонирањето на македонската химна пред присутните се обратија говорниците на годинашната средба. Општина Битола, продолжува да биде поддржувач на оваа значајна манифестација, како обележје на Битола и нејзините бројни иселеници. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање не прават уште посилни исправени пред предизвиците на денешницата. „Ви посакувам добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и се дел од оваа Семакедонска средба. Битола во минатото ја испишала историјата на печалбарски крај и сите сакаме тоа да биде историја, да не ни се повторуваат миграциите, да бидеме тука сите свои на своето и заедно да го градиме подоброто утре за нас и за генерациите после нас. Оние кои заминуваат, верувам дека еден ден своите професионални искуства ќе ги споделуваат заедно со нас, во нивниот роден крај каде заедно ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина и подобри услови за напредок на младите генерации. Светското искуство, секогаш може да даде позитивна насока во идеите, иницијативите и проектите кои се реализираат за поубава Битола.Нема подобро од родниот крај, кој Ви подава рака за враќање назад во татковината, овде сите заедно да живееме, овде да растат новите генерации Македонци. Општина Битола ќе ги негува и унапредува културните врски со иселениците од Македонија. Нека ни е честит големиот празник „Илинден“ и за многу години“ рече градоначалникот Коњановски. Свои обраќања имаа и г. Петар-митрополит преспанско-пелагониски, Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселеници од Македонија, Александар Јаневски-претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, Тодор Петров-претседател на Светскиот Македонски Конгрес и Драган Ковачки пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ. Програмата продолжи со културно-уметничка програма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕшерихија коли откриена во морето кај КорчулаВо екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската водаВо екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти. Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност. Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден. Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКолоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домовиКолоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи. Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа. Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови. Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна. Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот. Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“. Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата. Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35