Хамилтон најбрз во Барселона, 92. пат ќе стартува прв

Британскиот возач, Луис Хамилтон, водечки во генералниот пласман, денеска беше најбрз во квалификациите за Гран При на Шпанија и ќе стартува од најдобрата позиција утре на патеката Circuit de Catalunya  во Барселона.

До него утре на стартот ќе биде неговиот клупски партнер Финецот Валтери Ботас.

Тоа за Хамилтон, шесткратен светски шампион, е рекорден 92-ри пат во неговата кариера и четврт оваа сезона да започне од пол-позицијата.

Макс Верстапен (Ред Бул), најблизок до Хамилтон во генералниот пласман, ќе стартува од третото место, а Мексиканецот Серхио Перез (Рејсинг Поинт), кој ги пропушти последните две трки во Формула 1 поради коронавирусот, од четвртото место.

Георгина пред Роналдо заработувала 10 евра на час, денес само на Инстаграм ја следат 23 милиони

Гeоргина Родригез е најпозната како подобрата половина на Кристијано Роналдо, а со Португалецот е во љубовна врска од кога го запознала пред пет години.

Според приказната, Кристијано Роналдо еден ден влегол во продавницата на Гучи во Мадрид, каде што била вработена Георгина како асистент за продажба, и на тој начин се сретнал со жената со која и денес е во врска.

Во тоа време, Георгина заработувала десет евра на час, а англискиот „Сан“ објави и една нејзина фотографија од тоа време. Ја потсетија и на нејзината изјава дека сака сама да се бори за сè.

"Сакам да заработувам сама и не сакам некој да ми дава нешто. Ако можам да купам нешто ефтино, го правам тоа. Ако не можам да носам Шанел, одам во Зара", рекла тогаш Георгина.

Денес, Георгина е мајка на двете деца на Роналдо, а на Инстаграм има 23,1 милиони следбеници, па ако сака, може да заработува за живот само од објавите на социјалните мрежи.

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина, што се чувала на погрешна температура

Околу илјада луѓе во Шведска добиле доза на вакцината од Модерна што се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави денеска шведска компанија задолжена за доставување на вакцината.

Вкупно 2.100 дози на вакцината, околу 20 проценти од количината што Шведска ја добила досега од Модерна, се чувале на премногу ниска температура, а дозите што не се користени се издвојуваат додека не се утврди нивната ефикасност, објави Апотекет.

Сите кои примиле доза на вакцина од неисправна пратка се здравствени работници.

„Според првата проценка на шведскиот здравствен орган, нема индикации дека дозите транспортирани на прениска температура претставуваат ризик“, рече Apoteket.

Но, шведскиот здравствен орган и државната фармацевтска компанија вршат понатамошни истражувања, изјави портпаролот на Apoteket , Магнус Фриск. „Сè уште треба да откриеме дали веќе дадените дози на вакцините ќе делуваат“, додаде тој.

Фриск рече дека ја контактирале Модерна за дополнителни информации за ефективноста на дозите што се одржуваат на премногу ниска температура и дали оние што ги примиле треба да добијат нова доза на вакцината.

Од 17 јануари Шведска вакцинирала 146 000 лица, претежно со вакцината на Фајзер / БиоНТех.

Академик Беџети повика на поддршка за концепцијата за основно образование

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на Министерството за образование и наука (МОН).

Беџети, како што соопшти Министерство за образование и наука, повика на поддршка на оваа иницијатива.

-Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

-Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни, нагласи Беџети.

За академиците, како што рече, останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

– Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а Министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова, рече академик Беџети.

притисни ентер