Хамилтон најбрз на квалификациите по дожд пред Големата награда на Кина - Канал 5

Хамилтон најбрз на квалификациите по дожд пред Големата награда на Кина

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе тргне од пол позицијата на утрешнииот страт на четвртата трка од годинешниот шампионат во Формула 1, Големата награда на Кина.

Хамилтон најбрз на квалификациите по дожд пред  Големата награда на Кина
Доминација на пилотите на Мерцедес и Ред Бул на денешните квалификации во Шангај.

На денешните квалификации во Шангај , пилотот на Мерцедес стигна до својата трета пол позиција сезонава.
На патеката во Шангај на денешните квалификации кои се возеа во лоши временски услови , врнежи од дожд Хамилтон оствари најдобро време од 1-53, 860 минути.
Покрај Хамилтон во првиот ред на утрешниот старт на Гран прито на Кина ќе биде возачот на Ред Бул Даниел Рикардо , кој на денешните квалификации оствари второ време.
Одличниот квалификациски ден на Ред Бул го дополни актуелниот светски шампион Себастијан Фетел со освојувањето на третото место.
Од вториот стартен ред трката во Шангај ќе ја започне и клупскиот колега на Хамилтон од Мерцедес Нико Розберг.
Луис Хамилтон инаку на доминантен начин , со предност од повеќе од половина секунда денеска во Шангај ја обезбеди својата трета пол позиција сезонава .
Инаку зад најдобрата четворка на утрешниот старт на Големата награда на Кина од 9 часот по средноевропско време ќе тргнат Фернандо Алонсо во Ферари и возачот на Вилијамс Фелипе Маса, седмо време на квалификациите имаше вториот возач на Вилијамс Валтер Ботас. Меѓу првите десет ќе стартуваат и Нико Хилкенберг, Зан Верњ и Роман Грожан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Двајца пациенти загинаа рано утринава, на 2 јули, во пожар во болница во Лудвигслуст, во северниот дел на Германија, а најмалку 34 лица се повредени, соопшти противпожарната служба на тој град. 

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau).

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на одделот за радиологија. Како што се наведува, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени, пренесува Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, откри што, според него, филмот „Социјалната мрежа“ целосно го пропуштил. Тој исто така откри дека го погледнал само еднаш. 

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Еден од најбогатите луѓе на светот, Закерберг, чие богатство денес се проценува на околу 189 милијарди долари, го основал Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, кога имал само 19 години, пишува Унилад.

Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски филмови што го прикажуваат подемот на модерна технолошка компанија.

YouTube video

Го следи Закерберг од неговите студентски денови и раскинувања, преку создавањето на Фејсбук, до правните спорови што следеа по неговиот метеорски успех, вклучувајќи го и судирот со ко-основачот Едуардо Саверин.

За време на гостувањето во емисијата „The Colin and Samir Show“, Закерберг изјави дека го гледал филмот само еднаш, и тоа заедно со вработените во неговата компанија.

„Знаев дека сите секако ќе го гледаат, па решивме да одиме заедно. Беше прилично необично искуство“, рече тој.

Тој призна дека авторите на филмот точно погодиле некои детали, како на пример облеката што ја носел во тоа време, но смета дека целосно погрешно ги прикажале неговите мотиви.

„Најголемиот проблем беше што филмот сугерираше дека го создадов Фејсбук за да освојам девојка. Тоа едноставно не е точно“, рече Закерберг, додавајќи дека бил во врска со својата сегашна сопруга Присила Чан уште пред да го започне Фејсбук.

Закерберг исто така се осврна на една од најраспространетите приказни за создавањето на социјалната мрежа. „Со текот на годините, на интернет се создаде цела митологија за тоа како настанал Facebook.

Луѓето го поврзуваат Facemesh – мала, шегаџиска страница што ја направив – со Facebook, само затоа што и двете имиња го содржат зборот 'face' (лице). Сепак, Facemesh беше шега и немаше никаква врска со Facebook“, објасни тој.

Тој додаде дека и денес, повеќе од две децении подоцна, луѓето му зборуваат за тоа како Facebook бил создаден како сајт за оценување на изгледот на другите луѓе.

Според Закерберг, Facebook уште од самиот почеток бил замислен како многу поголем и посериозен проект отколку што е прикажано во филмот. Од своето основање, компанијата ги презеде Instagram и WhatsApp, а во 2021 година, целата компанија го промени своето име во Meta.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Светската музичка ѕвезда Крис Браун ќе биде посиромашен за дури 13 милиони долари поради совјот домашен миленик какваскиот овчар .

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати на својата поранешна домашна помошничка речиси 13 милиони долари отштета откако поротата го прогласи за одговорен за нападот на неговото куче во кој жена добила сериозни трајни повреди на неговиот имот во 2020 година, објави BBC News.

По двонеделно судење во Лос Анџелес, поротата пресуди во корист на Марија Авила, која беше нападната од кавкаскиот овчар на Браун, тежок 90 килограми.

Според пресудата, Браун и неговата компанија Black Pyramid LLC мора да ѝ платат 12,9 милиони долари за небрежност. на судскиот процес Авила сведочеше дека кучето, по име Хад, ѝ откинало „големи парчиња кожа“ додека таа го празнела ѓубрето во неговиот дом во калифорнискиот град Тарзана. Нападот, рече таа, резултирал со трајно обезличување на лицето, лузни, губење на видот и оштетување на нервите.

За време на судењето, беше слушнато сведочење дека Браун избегал од местото на настанот наместо да се јави на 911 или да ѝ помогне на повредената жена. Тој ги оставил своите вработени да се грижат за Авила, а на поротата ѝ било кажано дека тоа го сторил бидејќи се плаши од „медиумски циркус“ ако неговиот глас се слушне на повикот за итни случаи или ако бил присутен кога пристигнала полицијата.

Браун му рече на судот дека се подготвувал да се истушира ​​кога слушнал куче како ржи. Се симнал долу и ја нашол Авила како лежи неподвижна, покриена со „многу крв“. „Крвта ме исплаши“, рече тој, додавајќи дека бил „во шок“ и го послушал советот на својот менаџер да го напушти имотот пред да пристигнат службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер