3Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога
ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
ФормулаХамилтон најбрз на двата тренинга во ШангајВозачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз на двата слободни тренинга во Шангај пред трката за Големата награда на Кина, која се вози в недела. Иако тренинзите поминаа во знак на британскиот возач, сепак на втората сесија, која се смета за поважна од првата, неговите конкуренти покажаа подобри резултати. Хамилтон оствари време од една минута, 33 секунди и 482 илјадитинки, а на второто место беше Кими Раиконен од Ферари за само седум илјадити делови побавен. Валтери Ботас од Мерцедес беше трет само со 33 илјадитинки полошо време. Себастијан Фетел од Ферари на првиот тренинг заврши шести, а на втората сесија освари подобрување и беше четврти. Пред крајот на вториот тренинг почна да врне дожд, поради што возачите помалку се задржуваа на патеката. По две трки сезонава Фетел има максимални 50 бодови, а Хамилтон е втор со 33. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерваКонтурите на владината реконструкција начелно познати, кадровските решенија се уште остануваат во доменот на шпекулациите.Кој заминува, кој ќе дојде, а кои ресори ќе бидат ротирани? Официјално ќе се знае вечерва, по извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Пред партиското седиште е Маја Стојановска. Кога се очекува и официјално да бидат објавени имињата? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиониАвион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот погрешно го активираше меѓународното предупредување за киднапирање, што го натера Израел да ги подигне борбените авиони.Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот во пилотската кабина го активираше меѓународното предупредување за киднапирање. Според израелската телевизија Н12, Израел ги подигна борбените авиони како мерка на претпазливост и му нареди на патничкиот авион, кој превезуваше околу 180 патници, да не се упатува кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, туку да го смени курсот кон Кипар. Порталот „Јфид“ објави дека пилотот го притиснал копчето за итни случаи за време на летот Варшава-Тел Авив, што сигнализира киднапирање, но брзо ја известил контролата на воздушниот сообраќај дека предупредувањето е активирано по грешка и дека ситуацијата е под контрола. Авионот полетал од Варшава во 11:35 часот, а откако влегол во воздушниот простор на Романија и Бугарија, бил активиран аларм за киднапирање. Потоа авионот прелетал над Турција и наместо да се упати кон Тел Авив, кружел во воздушниот простор во близина на Кипар, по што го сменил курсот во турскиот воздушен простор. Иако пилотот подоцна објаснил дека немало киднапирање, израелските власти не сакале да ризикуваат и реагирале според безбедносните процедури. Во моментов нема официјални информации дали авионот слетал, ниту на кој аеродром. Поради инцидентот, летот во еден момент бил меѓу најследените на платформата „Flightradar24“. Извор: Б92Тагови: авион Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрогаНедозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации.Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво. Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал. Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации. Со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните. Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook