Хамилтон на три тркала ги собори рекордите на Прост и Сена , уште Шумахер е непобеден (ВИДЕО) - Канал 5

Хамилтон на три тркала ги собори рекордите на Прост и Сена , уште Шумахер е непобеден (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, напиша нови страници во историјата на Формула 1.

Хамилтон на три тркала ги собори рекордите на Прост и Сена , уште Шумахер е непобеден (ВИДЕО)

Хамилтон ги сруши рекордите на две легенди на овој спорт со драматичната победа на Силверстон и освојувањето на Големата награда на Британија.

Британецот триумфираше на британското Гран-при буквално на три тркала, затоа што му пукна гумата во последниот круг.

Хамилтон стана рекордер по бројот на триумфи на домашен терен со седмата победа на Силверстон. Тој го надмина Ален Прост, кој имаше шест триумфи на Француското Гранд При.

Покрај тоа, Хамилтон го надмина и легендарниот Аиртон Сена. Тој ја постигна 20-та победа во трката во која водеше од почеток до крај.

Пред Хамилтон сега се рекордите на Мајкл Шумахер - тој има четири победи помалку од Германецот (87 наспроти 91) и еден подиум помалку (154 наспроти 155).

Хамилтон ја продолжи доминацијата на Мерцедес во оваа скратена сезона со третата победа на четири трки.

"До последниот круг, се чинеше дека сè ќе биде лесно. Валтери (Ботас) добро ме нападна и кога слушнав дека неговата гума е издишана , погледнав во мојата и се чинеше дека е добро. Вртев без проблем , се изгледаше дека е добро. “, рече Хамилтон по трката.

"И тогаш во последниот круг ми пукна предната лева гума. Скоро ми запре срцето ! Очигледно беше дека тркалото може да испадне. Само се молев да стигнам до финишот и да не бидам премногу бавен. Искрено, не мислев дека ќе можам да ги поминам последните два свиоци. Никогаш не сум го искусил такво нешто, скоро ми застана срцето. “.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Србија, Македонија, Грција и Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Србија.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.

Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.

Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер