Хамилтон на подиумот во Сингапур - Канал 5

Хамилтон на подиумот во Сингапур

Британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз на трката од Шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Сингапур.

Хамилтон на подиумот во  Сингапур
По оваа победа, 29. во кариерата за Хамилтон, Британецот се искачи на водечкото место во Генералниот пласман, пред досегашниот лидер Нико Розберг исто така возач на Мерцедес кој не ја заврши трката.

На победничкиот подиум покрај Хамилтон се најдоа двајцата клупски колеги од Ред Бул, Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.

Покрај овие тројца пилоти, бодови во Сингапур освоија:
Фернандо Алонсо (4.место), Фелипе Маса (5), Жан-Ерик Верње (6), Серхио Перез (7), Кими Раиконен (8), Нико Хулкенберг (9) и Кевин Магнусен (10).

Генерален пласман: Хамилтон 241 бод, Розберг 238, Рикардо 181, Алонсо 133,...

Пласман конструктори: Мерцедес 479 бодови, Ред Бул 305, Вилијамс 187, Ферари 178,...

До крајот на шампионатот остануваат уште пет трки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот Берокал пред дуелот со Ирска: „Ние сме подготвени, сè е на нас“

Македонија вечерва во 18.часот, во салата  „Лазар Лечиќ“ најдобрата кошаркарска селекција на Македонија е домаќин на  репрезенатцијата на Ирска во петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2029

Селекторот Берокал пред дуелот со Ирска: „Ние сме подготвени, сè е на нас“

По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“.

Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот триумф во Даблин (88:76), со кој беше потврдена лидерската позиција во групата.

Селекторот Жозеп Марија Берокал е задоволен од сработеното во подготвителниот период и од начинот на кој репрезентативците го прифатиле неговиот систем на работа.

„Од ден во ден тимот е подобар, мораш да работиш за да се подобруваш. Тимот расте и покрај потребата често да менуваме. Го немавме истиот ростер, некој доаѓаше, некој си одеше, се менуваа Американците. Но, во последната седмица имав 15 играчи за работа, на кои сметам за натпреварот против Ирска и сакав да бидат добро подготвени. Среќен сум од она што го гледам од екипата. Играчите сакаат да играат, имаат желба и се држат до тактиката. Сакаме да го завршиме овој прозорец со добри натпревари и резултати“, истакна Берокал.

Шпанскиот стратег потенцира дека концентрацијата и максималниот пристап ќе бидат неопходни против секој противник.

„Мора да бидеме на 100 проценти против секој ривал, затоа што ако не го дадеш најдоброто, тоа може да те казни. Мора да се фокусираме на работите кои можеме да ги контролираме. Ако не можеш да контролираш нешто, тогаш мораш да се вложиш и да го дадеш најдоброто од себе.“

Иако Македонија веќе еднаш ја совлада Ирска во овој квалификациски циклус, Берокал предупредува дека денешниот противник има променет состав и заслужува максимална почит.

„Ирска е различен тим од претходниот прозорец, има доста промени, многу нови играчи. Тоа може да биде и ризик, затоа што ќе играат растеретено, без притисок и ќе преземат ризик.“

Сепак, селекторот смета дека исходот најмногу ќе зависи од изданието на македонската репрезентација.

„Ние сме подготвени, сè е на нас. Мора да се покажеме во добро светло, да ја одиграме најдобрата кошарка и да бидеме близу до победата. Прво ја гледаме Ирска, а Луксембург од оваа гледна точка изгледа далеку“, порача Берокал.

Македонија во натпреварот влегува како лидер во групата „А“ со осум бодови и максимален учинок од четири победи, додека Ирска има една победа и три порази.

Победа во Скопје би била уште еден чекор кон успешен финиш на претквалификацискиот циклус пред последното гостување во Луксембург.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029

ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 5 КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: МАКЕДОНИЈА – Ирска

19.00. Луксембург – Азербејџан

ТАБЕЛА

1. МАКЕДОНИЈА 4 4 0 332:265 8

2.Луксембург 4 2 2 339:337 6

3.Азербејџан 4 1 3 285:335 5

4.Ирска 4 1 3 319:338 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

По вечерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.

ВРЕДИ: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.

Со овој тим, ВРЕДИ повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ.

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.

Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ.

Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија. „

Соопштение - објава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

-https://www.facebook.com/share/1CQxHidueX/

Скопје, 02.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер