Дали Рама бил погрешно информиран за фестивалот „Преспа“? – Темелко тврди дека албанската химна била интонирана
1Дали Рама бил погрешно информиран за фестивалот „Преспа“? – Темелко тврди дека албанската химна била интонирана
ФормулаХамилтон ќе дебитира за Ферари на 22 јануари?Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на 22 јануари ќе ги забележи своите први кругови зад воланот на болидот на Ферари, според извори блиски до тимот. Сепак информацијата се уште не е потврдена од Ферари.Хамилтон ќе го вози болидот Ф1-75 од 2022 година на патеката „Фиорано“ во Маранело, а Скудерија ќе ја користи програмата за тестирање на болидите од пред најмалку две сезони. Мерцедес одби да го ослободи Хамилтон предвреме од неговиот договор поради спонзорската обврска во Малезија и тој не можеше да вози за својот нов тим на тестот во Абу Даби по крајот на сезоната. Хамилтон веќе се прости од тимот на Мерцедес, а аналитичарите се натпреваруваат во прогнозите како ќе се одвива неговата адаптација во Ферари и како ќе изгледа неговата битка со Шарл Леклер./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Рама бил погрешно информиран за фестивалот „Преспа“? – Темелко тврди дека албанската химна била интониранаМакедонската химна се интонирала на почетокот, а албанската на крајот на фолклорниот настан „Преспа“ во Пустец, и тоа е технички пропуст- тврди за Канал 5 Едмонд Темелко.Македонската химна се интонирала на почетокот, а албанската на крајот на фолклорниот настан „Преспа“ во Пустец, и тоа е технички пропуст- тврди за Канал 5 Едмонд Темелко, поранешниот градоначалник кој е еден од организаторите на овој настан, а објави и видео за кое вели дека е доказ дека химната на Албанија сепак била пуштена пред присутните гости. По острата реакција од премиерот Еди Рама и албанското МНР дека не се почитувале националните симболи и институционалниот протокол во четвротокот во Пустец, Темелко уверува дека немало никаква тенденција и смета дека медиумите избрзале со оваа вест уште пред да заврши настанот. Дополнително вели дека според закон за невладини организации во Албанија, немаат ниту задолжителна обврска за протокол со химна настан како што е фестивалот „Преспа“. -Во меѓувреме исто имав и јас една изјава сред фестивал, за националната РТШ има снимки и се слуша и се гледа кај што кажувам дека химната ќе се интонира на крај. Почнуваме со македонската химна, албанската химна ќе се интонира на крај. Технички пропуст во смисла дека не се пушти на почетокот. - Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец и организатор на фестивалот „Преспа 2026“ Темелко потенцира дека Македонците во Албанија се лојални граѓани, а за возврат од албанските институции не добивале поддршка особено кога се соочувале со бугарска асимилација пред последниот попис. Тој е зачуден што експресно добиле негативни реакции за химната, а кога не се почитуваат македонските државни симболи од страна на Албанци во Македонија, вели никој не кажува ниту збор. -Чудно е како официјална Тирана затвора очи за она што секојдневно се случува во Македонија. Сите гледаме како на фудбалски натпревари во Македонија редовно се исвиркува македонската химна, се веат карти на голема Албанија, се сквернави државата, има провокации, па никаде во ниту една изјава на било кој политичар или медиум во Албанија немам видено реакција.- Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец и организатор на фестивалот „Преспа 2026“ Фестивалот „Преспа“ е посветен на македонската традиција, култура и фолклор и се одржува речиси 30 години и според Темелко секогаш биле поканети и тамошните политичари, но тие никогаш не присуствувале. Годинава таму беше македонскиот премиер Мицкоски, а утредента се огласи Еди Рама на платформата Х со критика поради химната, и напиша дека ваквите појави биле „циркуски трупи кои го загрозуваат суверентитетот на Албанија“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо скопските општини и натаму се наоѓа застоена вода, која е „рај“ за комарцитеМинистерот за здравство Клековски и експертите за комарци на секоја прес-конференција апелира и објаснува дека најголема причина за прежвивување на комарците се застоените води. Една таква слики е во урбано место каде претекувањето на езерото во водата формира застојана вода. И покрај апелите и состаноците со градоначалниците од општините во Град Скопје, за испразнување на фонатани и водни површини во дел од населбите каде водните површини треба да се убав декор и уживање, оставаат слика на места со запуштени вода што се излева од базените и прави застој на вода во плочките до фонтаната во скопски Аеродром. Ентомологот од центарот за јавно здравје Николина Соколовска, објаснува дека обичните домашни комарци се тие што ја пренесуваат нилската треска од како ќе се заразат од птица, најчесто гаврани. Најголем рај за комарците е застоената вода, отпадот што не се собира на време. Граѓаните раскажуваат дека ги избегнуваат водените површини, она каде што е суво комарци нема. Соколовска објаснува дека прскањето најмногу зависи од временските услови. Науката објаснува дека најдобро прскањето да биде од крајот на март, а општините да имаат претходен план и навремено треба да ги завршат тендерите за набавка на средства за прскање. Многу често, кај граѓаните преовладува срамот ако член од семејство се заболи од нилска треска, и во неговиот дом и околина треба да се прска против комарци. Досега кај 43 граѓани е потврдена нилската треска, пет починаа, 21 се лекуваат во инфективната клиника. Сите потврдени се од Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Македонија10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќескаДесет пожари се’ уште се активни на територијата на Македонија. Критично е во мариовско Бонче каде на пладне еден крак повторно се разгоре откако синоќа пожарот ставен под контрола. Попладнево поради силен ветер пламните јазици повторно се разгореа, се активираше огнена точка и огнот се прошири на уште еден крак. Екипи на ЦУК заедно со битолските доброволци пожарникри и локани доброволци, се на терен и како што оценува Ангелов селото не е загрозено и очекуваат во текот на денот и овој пожар да биде ставен под контрола. Состојбата во село Палиград е стабилна, таму утринава интервенираат три „ертрактори“, бидејќи огнот се приближил на стотина метри од последните куќи во селото. Меѓу време се разгоре пожар во селотот Бигла, каде неодговорно лице палело гуми во својот дом, и од невнимани огнот се проширил во блиската борова шума. Противпожрните единици од Дечлево се не терен, таму се упатени трите ер-трктори и еден политиски хелоктоптр. Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија. Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија.. Во моментот на територија на МАакедонија има 10 Активни пожари, два се ставени под контрола, 1 пожар е изгаснат. Покрај активниот пожар во Бонче, се уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино. Пожарите во општините Маврово, Ростуше и Врапчиште, се ставени под контрола, Пожарот во општина Теарце е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter