Хамилтон ја одбрани титулата - Канал 5

Хамилтон ја одбрани титулата

Светскиот првак и возач на Мерцедес Луис Хамилтон ја одбрани титулата светски шампион во Формула 1. Тој синоќа триумфираше на трката за Големата награда на САД и ја потврди доминацијата над ривалите.

Хамилтон ја одбрани титулата
Како втор трката ја заврши неговиот клупски колега Нико Розберг, додека Себастијан Фетел од Ферари беше трет, што беше услов на три трки пред крајот на сезоната Хамилтон да ја обезбеди титулата.

Ова за британскиот возач е 10.та победа во сезонава или 43.та во кариерата.

Со третата титула Хамилтон им се придружи на: Аиртон Сена, Џеки Стујарт, Џек Бренхем, Ники Лауда и Нелсон Пике, додека пред него се Себастијан Фетел и Алеан Прост, кои имаат по четири, Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум.

Инаку лошото време го одбележа комплетниот викенд во Остин, а двете излетувања ја одбележаа трката кога беше присутно и безбедносното возило. Клучниот момент беше на осум кругови до крајот кога Хамилтон успеа да го мине Розберг.

Дванаест возачи ја завршија трката, а осум се откажаа.

Генерален пласман: Хамилтон 327 бодови, Фетел 251, Розберг 247, Кими Раиконен 123,...

Пласман на конструктори: Мерцедес 574, Ферари 374, Вилијамс 220, Ред Бул 150,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина пејачот на „Вилиџ Пипл“: Откриени детали за смртта на музичката легенда

Пејачот и еден од основачите на легендарната група„Village People“, Виктор Вилис, почина на 75-годишна возраст по „кратка, но агресивна болест“.

Почина пејачот на „Вилиџ Пипл“: Откриени детали за смртта на музичката легенда

Виктор Вилис беше еден од пејачите и основачите на легендарната група и имаше еден од препознатливите вокали во нивниот голем хит YMCA. Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство во кратко соопштение.

„Виктор почина на 30 јуни 2026 година, поради кратка, но агресивна болест. Семејството моли за приватност во ова тешко време на голема загуба.“

Сопругата на Виктор, Карен Хаф-Вилис, исто така ја потврди тажната вест, велејќи: „Со длабока тага морам да ја објавам смртта на мојот сопруг, Виктор Вилис“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дождот предизвика хаос во Скопје: Поплавени улици, возила под вода

Силното невреме кое го зафати Скопје предизвика сообраќаен хаос.

Дождот предизвика хаос во Скопје: Поплавени улици, возила под вода

На социјалните мрежи се појавуваат видеа на кои се гледаат поплавени улици, и автомобили под вода.

Целосно е поплавен подвозникот кај хотелот „Континентал“ каде и возила се потонати под вода.

Тешко проодно е и на булеварот Јордан Мијалков, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како граѓани ги буткаат своите возила.

Од УХМР велат дека во Скопје и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Струмица го границата со Бугарија

Ќе се гради нов екпресен пат од Струмица до границата со Бугарија, најави министерот за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Струмица го границата со Бугарија

Посочи дека веќе е објавен тендер за избор на изведувач кој треба да изработи струдија за негова изградба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер