Хамилтон: Ги гледам другите возачи на Формула 1 и се прашувам како успеваат да имаат семејства - Канал 5

Хамилтон: Ги гледам другите возачи на Формула 1 и се прашувам како успеваат да имаат семејства

Британскиот возач на Ферари, Луис Хамилтон, призна дека не знае како другите возачи на Формула 1 успеваат да ги комбинираат трките со семејството.

Хамилтон: Ги гледам другите возачи на Формула 1 и се прашувам како успеваат да имаат семејства

- Да, многу е тешко, особено во денешниот свет. Ги гледам другите возачи и се прашувам како успеваат. Некои имаат деца, се во брак, некои имаат девојки. Поминав низ ова кога бев во моите рани 20-ти. Направив поинаков избор, решив да го искористам максимално времето во Формула 1, бидејќи е пократко отколку што мислат луѓето. Не сакам да имам каење или да мислам дека можев да посветам повеќе време на трките. Во последните десет години бев фокусиран исклучиво на мојата работа. Кога ќе ја завршам кариерата, ќе можам да правам што сакам. Ќе можам да се посветам на други работи без никакви ограничувања, изјави Хамилтон во интервју за „RTBF“.

Четириесетгодишниот Луис Хамилтон е седумкратниот шампион на Формула 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Капитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне  во Мадрид за 40 милиони евра .

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб.

Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда.

Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони.

Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во Колумбија

Во Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. 

 Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во Колумбија

Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи..

Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении.

Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.

Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари.

Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер