Хамилтон доби бразилско државјанство, веднаш му се јави Пеле - Канал 5

Хамилтон доби бразилско државјанство, веднаш му се јави Пеле

Парламентот на Бразил усвои закон со кој му се доделува почесно државјанство на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон.

Хамилтон доби бразилско државјанство, веднаш му се јави Пеле

Тој го добива како признание за неговата посветеност на земјата и во чест на Аиртон Сена. Хамилтон призна дека останал без зборови откако беше прогласен за почесен граѓанин на Бразил кога Долниот дом на парламентот вчера го усвоил законот.

„Добив почесно државјанство на едно од моите омилени места во светот. Во моментов немам зборови. Ти благодарам Бразил, те сакам, едвај чекам да те видам повторно“, објави Хамилтон на својот Инстаграм профил. , каде што го следат 28,4 милиони луѓе, меѓу кои и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле.

"Честитки, Луис. Среќен сум што отсега натаму те сметам за сонародник ".

Процесот на донесување на посебна правна регулатива за доделување на почесно бразилско државјанство на Хамилтон било иницирана од Андре Фигуеирдо, политичар, откако Британецот победи на минатогодишното Гран при на Бразил, кога истовремено ги носеше британското и бразилското знаме.

Хамилтон не можеше денеска да дојде во Бразил бидејќи викендов се очекува да настапи во Азербејџан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

[✔️] Побрз сообраќај

[✔️] Поголема безбедност

[✔️] Подобра поврзаност

Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски се сели во Русија

Репрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 

Алексеј Покушевски се сели во Русија

24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот.

Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија.

На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос.

На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција.

Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот.

Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер